Кичево
(МЕГАГАЛЕРИЈА) Вечерашниот „Велигденски концерт“ во Кичево на КУД „Рацин“ преку фотографии

Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, вечерва се реализираше јубилејниот петнаесетти „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“, друштво кое работи во склоп на Центарот за култура.
Традиционалниот спектакл го отвори директорот на установата г-дин Мазлам Османи и на сите присутни им го честита големиот Христијански празник Велигден, така што во завршница на својот говор – посака вечна традиција на ваквите културно-уметнички настани.
Концертот го сочинуваа повеќе сплетови ора, песни и оркестарски изведби, а во овие 15 години на големата сцена пред кичевската публика која дојде во голем број продефилираа над 200 играорци, инструменталисти и пејачи меѓу кои популарниот Биљан Стојаноски, внукот Дарко Стојаноски и младиот Даниел Пејоски..
Концертот исто така понуди повеќе сплетови ора, вокални и оркестарски изведби. Нашите играорци ги интерпретираа ората, „Посеље“, „Поречки игри“, „Бркање на чумата“, „Водарки“, „Игри од скопско“ и „Малешевка“.
Вокалната група се претстави со песните, „Седнав да вечерам“, „Сношти те пратив на вода ќерко“ и „Љубов голема“. Вечерашниот концерт беше збогатен и со оркестарските ора „Касапско“ и „Ќупурлика“.
Нашиот тим беше дел од одличниот концерт и практично целиот настан ви го претставуваме преку прекрасната мега-галерија..
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје10 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина14 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот