Македонија
Весело викендов, вкупно 124 казни за управување возила во алкохолизирана состојба
Во текот на вчерашната вечер (15./16.01.2022) во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 124 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Охрид, 13 на територија на СВР Битола…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
-
Кичево2 денаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево21 часОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Lifestyle20 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин2 денаGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
