Следете не

Спорт

Веста за дадените Хотели на Кристијано Роналдо било голема лага

Објавено пред

на

Вчера во јавноста се појави вест за наводен огромен хуман гест на Роналдо.

Веста беше дека Кристиано Роналдо одлучил два од своите хотели во Португалија да ги претвори во еден вид на болници за заразените со коронавирусот и дека тој самиот ќе ги плаќа вработените кои ќе се грижат за заразените.

Тоа беше информација која ја пренесе реномираната „Марка“, а за неа потоа пишуваа бројни светски медиуми. Сепак, изгледа некој си поиграл со Шпанците. По некое време веста од порталот на „Марка“ беше отстранета. Уште тогаш сите се сомневаа дека станува збор за лажна вест, сега тоа е потврдено и тоа од хотелот на Роналдо во Лисабон.

Прочитајте повеќе на Спортски ТУКА

Спорт

Адеми ќе биде надвор од терените подолг период со посложена рехабилитација, сепак се работи за тешка повреда

Објавено пред

на

Нашиот македонски репрезентативец Аријан Адеми ќе паузира околу два месеци поради повреда што ја заработи на натпреварот помеѓу Македонија и Германија кој заврши со исход од (0:4) во квалификациите за СП.

Имено на натпреварот против Германија, играчот на Челзи Каи Хаверц лошо нагази врз ногата на Адеми, така што поради сериозноста тој мораше да ја напушти играта, додека деталните прегледи ги направи во Загреб, по што беше утврдено дека ќе има подолга пауза. Како што дознаваме хрватски „Индекс“ – Адеми се здобил со тешка повреда на скочниот зглоб, која бара посложена рехабилитација и тешко е да се очекува да се врати пред зимскиот распуст.

Инаку Динамо ќе ги одигра последните два натпревари во 2021 година на 15 декември против Истра и три дена подоцна против Драговоjац, дури и ако дотогаш се опорави, речиси сигурно нема да биде принуден на тие натпревари.

Доколку не се случи чудесно закрепнување, што е малку веројатно, Динамо ќе остане без Адеми на сите натпревари од групите во Лига Европа (Рапид, Вест Хем, Генк). Адеми треба да ги пропушти и дербито со Риека во сабота, Осиек (20 ноември) и Хајдук, кои ќе играат на Максимир на 4 декември.

Ова е втора тешка повреда на капитенот на Динамо оваа сезона. Во јули, тој се здоби со повреда на мускулот на десната нога на натпреварот против Омонија, поради што пропушти десет натпревари и токму кога почна да се враќа во форма, се повреди на натпреварот со репрезентацијата.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Максимов 2 минути по влегување од клупата постигна гол за голема победа против Ерменија и конечен резултат 1:2

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година славеше победа од 1:2 против Ерменија во Ереван, во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023.

Тешко издвојувана победа и важни три бода за тимот на селекторот Драги Канатларовски.

Нашите избраници одлично го отворија натпреварот и со силно темпо и пресинг ѝ создадоа многу проблеми на домашната одбрана. Македонија заслужено дојде до предност од 1:0 во 23. минута, одличниот центаршут на Антовски го искористи Ѓорѓиевски кој постигна прекрасен гол со глава. Ѓорѓиевски се најде во уште една одлична можност, но овој пат домашниот голман добро интервенираше.

Во продолжението, Македонија продолжи со офанзивна игра. Рустемовски имаше одлична можност да погоди, но немаше среќа. Македонија преку Максимов успеа да поведе со 2:0 во 82. минута. Домаќините до крајот на натпреварот успеа само да го ублажат поразот преку Григорјан.

Македонија: Денковски, Младеновски, Манев, Шеји, Хајдари (Ѓурковски), Воша (Скендери), Адем, Гроздановски, Антовски (Максимов), Рустемовски (Станковски), Ѓорѓиевски (Илиевски); 

Честитки момци!

Решавачкиот гол, може да го погледнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Проследете ја Македонија vs Ерменија до 21 година со почеток од 16 часот

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година од 16:00 часот по наше време, денеска против Ерменија го игра натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕП 2023.

Натпреварот може да го проследите тука во живо од Ереван

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 6 часа

Ова се денешните Ковид бројки по градови

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 178...

МакедонијаПред 13 часа

Утрово земјотрес детектиран во северозападниот дел на Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово околу 7.23 часот беше почуствуван во Маврово и околината....

Здравје и убавинаПред 14 часа

Десет намирници за спас од болки за вашето грло

Болката во грлото е чест и непријатен здравствен проблем во постудените денови. Најчестите причини се вируси или бактерии, но иритациите...

Временска прогнозаПред 14 часа

Облачно уште денес, од утре повеќе сончеви периоди и покачување на дневните температури – Ова се деталите..

Уште денес ќе имаме пооблачно време, локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер...

На денешен денПред 21 час

На денешен ден (17 октомври)

1797.- Во италијанското село Кампоформио кај Удине, потпишан мировен договор меѓу Австрија и Франција, со што се укина Венецијанската република....

ХороскопПред 23 часа

Хороскоп за денес (17 октомври) недела

ОВЕН Нема да направите грешка доколку строго се придржувате до работата и обврските викендов. Ако одлучите да ја помешате работата...

МакедонијаПред 1 ден

Ковид-19 дневен биланс: 395 нови и 14 починати

Во последните 24 часа направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 177...

МагазинПред 1 ден

Apple го намалува производството на iPhone 13

Недостатокот на чипови влијаеше врз одлуката на Apple да го намали планираното производство на телефонот iPhone 13. Првичните планови беа...

СветПред 1 ден

Кинески астронаути пристигнаа на вселенската станица

Кинеските астронаути пристигнаа во вселенската станица каде треба да престојуваат рекордни шест месеци, објави државниот CCTV. Вселенското летало Шенжоу-13 со...

МагазинПред 1 ден

Познато е кога ќе излезе новиот телефон Huawei и колку ќе чини

Амазон откри кога Huawei Nova 9 ќе биде пуштен во Европа и колку ќе чини. Знаевме дека Nova 8i и...

НАЈЧИТАНИ