Македонија
(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра
На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с.Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 кг дрога.
Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А.(32), во кое сопатник бил О.А.(23), двајцата од с.Арачиново, скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.
При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 кг, со вредност од околу 100.000 евра. На лице место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од ОЈО Тетово кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с.Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Против А.К., МВР подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како криумчарење на мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.
Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.
Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниов период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и бројните мерки и активности за пресметка со сите видови криминал.
/МВР
Македонија
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
Летното сметање на времето во 2024 година започнува викендов, односно на 31 март (недела) во 02:00 часот по полноќ, така што со поместување за еден час нанапред во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.
– Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.
Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви. Инаку Владата, на предлог на Министерството за економија, вчера на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.
Македонија
Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“
Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.
Македонија
(ВИДЕО) Ноќва превој „Стража“ под снежна бура, апел за поголемо внимание додека минувате
Предмалку до нашиот портал пристигна видео од превој „Стража“ каде се забележува дека паѓа снег и се задржува на коловозот.
Имено состојбата моментално може да се карактеризира како алармантна со оглед на тоа дека законот за поседување зимски гуми и опрема заврши, така што апелираме за поголемо внимание додека преминувате преку овој превој.
До сега немаме дополнителни информации како се останатите превои каде често знае снегот да изненади и на пролет.
Исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат кои работат активно на терен, така што се очекува овој снежен бран кратко да не создава дополнителни проблеми за движење.
Имајте безбеден пат, возете почитувајќи ги патните сообраќајни знаци и услови на патот.
-
Кичево7 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево21 час
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево1 ден
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
-
Спорт18 часа
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
-
Магазин1 ден
Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес