Следете не

Занимливости

(ВИДЕО) BMW E39 530d vs BMW G30 520d – Иако речиси 20 години се разлика, има што да се види во видеово

Avatar

Објавено пред

на

Нашите соседи кои се добропознати по тестирања на автомобили и се тоа претставувајќи го на својот јутјуб канал решија овој пат на барање на публиката ги споредуваат уникатните модели во своето време BMW E39 530d vs BMW G30 520d кои речиси се 20 години разлика.

Погледнете го видеото:

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

Најчести грешки кои го расипуваат вкусот на Ајварот, еве неколку корисни совети за подготовка..

Avatar

Објавено пред

на

Ајварот е неопходен дел од зимницата и омилен во многу домови.

Некои го сакаат лут, некои благ, некои со модар патлиџан, но сигурно гурманите не можат да му одолеат.

Сепак, за време на подготовката, многу домаќинки прават одредени грешки што го расипуваат неговиот вкус.

Погрешна математика

За добар ајвар, но и за остатокот од зимниците, клучни се добрите намирници, но и вистински размер. Кога станува збор за зеленчук, ако не го правите само од пиперки, килограм модар патлиџан треба да оди за три килограми пиперки.

Избирате слаби пиперки

Кога купувате пиперки, замолете го продавачот да ви пресече една пиперка за да бидете сигурни во дебелината на овој зеленчук, бидејќи квалитетот зависи од тоа.

Исто така, би било препорачливо да ја пробате. Добрата пиперка е зрела и густа.

Не ги печете пиперките, туку ги варите

Највкусниот ајвар има фина арома што не можете да ја добиете со варени пиперки. Најдобар избор е скара, а се препорачува онаа на природно дрво или јаглен.

Ги печете пиперките премногу кратко

Пиперките и модрите патлиџани треба добро да се измијат и да се стават на скара со повремено вртење. Кога лушпата почнува да се одделува, тогаш црвената пиперка е печена. Не е доволно само да потемни, но внимавајте зеленчукот да не изгори.

Не ги цедите доволно пиперките

Излупените пиперки ставете ги во цедалка да се цедат во текот на ноќта, најмалку 12 часа.

Исто така, модриот патлиџан се лупи и се цеди. Ајварот ќе има подобар вкус, а времето за готвење ќе го скратите за половина.

Нестрпливо мешате

За кремаст ајват кој совршено ќе се мачка на лебот битно е трпеливо мешање.

Оставате семки

Многу домаќинки додаваат пеперони во ајварот, но ако не сакате лути, исчистете ги добро од семките. Исто така, модриот патлиџан и пиперките треба да се исчистат од семето.

Премногу сол

Солта се додава постепено, а пред секое пробување, потребно е ајварот да се излади малку на чинија. Ако пробате топол ајвар, нема да го почувствувате вкусот.

Валкани рабови

За да трае зимницата подолго, не заборавајте прво да ги стерилизирате теглите. Но, со еден трик, нема да мора да се грижите. – пред да ги затворите со капак, избришете ги рабовите на теглата со алкохолен оцет.

Постепено ладење

Затворете ги теглите со стерилизирани оригинални капаци и ставете ги во загреана

рерна на 100 Целзиусови степени час до час и половина. Исклучете ја рерната и оставете да се излади во неа. Чувајте ги на темно и ладно место.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Која беше познатата Били Џин од песната на Мајкл Џексон?

Avatar

Објавено пред

на

„Били Џин“ беше насловот на вториот сингл на Мајкл Џексон, од албумот „Трилер“, објавен во јануари 1983 година. Во прашање е безвременски хит, па дури и денес е неизбежна песна на радио, прослави … Тој е најпродаваниот соло-сингл на Мајкл Џексон, а Ролинг Стоун го стави на 58то место на листата со 500 најдобри песни на сите времиња.

Нема личност што не ја слушнала оваа песна, а откриени се малку познати детали за неа….

Интересно е што продуцентот на Мајкл, Квинси Џонс, не сакал песната да се најде на албумот, а исто така го советувал да го смени името на песната во „Not my lover“, за луѓето да не помислат дека е посветена на тенисерката Били Џин Кинг.

Всушност, песната не била посветена на некоја посебна девојка, во прашање е спој на различни обожавателки кои му испраќле писма на Мајкл и неговите браќа во кои се колнеле дека се бремени и ги носат нивните деца.

Кога ја изведуваше оваа песна полна со енергија, Мајкл за прв пат го изведе својот славен moonwalk, но носеше и бела ракавица со светки, по што беше и славен.

– Музичарот знае да препознае хит материјал. Сè мора да биде на свое место, ве исполнува и ве прави среќни. Така се чувствував кога станува збор за Били Џин. Знаев дека ќе биде хит кога ја пишував – призна Мајкл Џексон подоцна.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Забава

Вредноста на времето

Avatar

Објавено пред

на

…ви ја претставуваме низ седум ситуации:

За да ја сфатиш вредноста на ЕДНА ГОДИНА,
зборувај со студент кој ја изгубил.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДЕН МЕСЕЦ,
зборувај со мајка која предвреме го родила нејзиното бебе.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДНА СЕДМИЦА,
зборувај со уредник на неделен весник.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДЕН ДЕН,
зборувај со човек роден на 29-ти февруари.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДНА МИНУТА,
зборувај со човек кој го пропуштил авионскиот лет.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДНА СЕКУНДА,
зборувај со човек кој ја избегнал смртта за влакно.

За да ја сфатиш вредноста на ЕДНА МИЛИСЕКУНДА,
зборувај со човек кој добил сребрен медал на Олимпијада.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 33 минути

Од ноќеска нови врнежи од дожд, ова се најновите метео информации..

Во втората половина од претстојната ноќта од запад во нашата држава ќе навлезат нови врнежи од дожд кој поинтензивни ќе...

МакедонијаПред 4 часа

РКЕ донесе одлука од ноќеска цените на горивата да останат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е...

МакедонијаПред 7 часа

Изминатите 24 часа направени само 387 тестови и регистрирани се 48 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 20 -Куманово...

ЗанимливостиПред 7 часа

Најчести грешки кои го расипуваат вкусот на Ајварот, еве неколку корисни совети за подготовка..

Ајварот е неопходен дел од зимницата и омилен во многу домови. Некои го сакаат лут, некои благ, некои со модар...

КичевоПред 7 часа

Во акциите на Црвен крст – Кичево за седум месеци собрани се 538 единици на крв

Од година во година бројот на крводарувања во општина Кичево е во постојан пораст, што треба да ги радува здравствените...

Здравје и убавинаПред 17 часа

(Мени по денови) Диета што ги отстранува мастите веќе четвртиот ден: Тежината не се враќа цели 3 години!

Постои една многу ефикасна диета која го освои светот. Се нарекува „сензационална диета“. Оваа диета се заснова на умерен внес...

ХороскопПред 21 час

Редовен Хороскоп (28.09) понеделник

ОВЕН Не е поволен период за нова работа или за било какви вложувања во овој период. Ве очекува фаза која...

ЗанимливостиПред 23 часа

Која беше познатата Били Џин од песната на Мајкл Џексон?

„Били Џин“ беше насловот на вториот сингл на Мајкл Џексон, од албумот „Трилер“, објавен во јануари 1983 година. Во прашање...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 148 новозаболени од Ковид-19, 5 нови случаи од Кичево, 3 пациенти починале во болнички услови, ова се деталите…

Во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 50 -Куманово...

СпортПред 1 ден

(ФОТО) Атлетико Мадрид моментално води против Гранада, Луис Суарез е веќе именуван на клупата – се очекува да дебитира

Домаќините Атлетико Мадрид моментално се во полна трка за победа против Гранада. Стрелец на голот беше Диего Коста во 9-тата...

НАЈЧИТАНИ