Без категорија
(ВИДЕО) Да испиете 70 кафиња би било лошо по здравјето, но колку вода и чоколадо е опасно по живот!?

На сите им се случило барем еднаш: часот е 13:30 ништо не сте јаделе, а сфаќате дека веќе го пиете четвртото кафе тој ден. Но пред да започнете да паничите, погледнете го ова видео кое ви открива дека се потребни дури 70 кафиња за да ве убијат и дека беспотребно се грижите.
Ова не е нивно едиствено откритие. Семките од црешите содржат цијанид па доколку сомелете две и го изедете тој прав, би биле мртви истиот момент.
Еве уште неколку интересни откритија
– 70 шолји кафе би можеле да убијат личност од 70 килограми.
– 48 лажици зачин на база на сол можат да предизвикаат труење со содиум.
– 13 последователни шотови алкохол се доволни да го оштетат вашиот мозок и да предизвикаат гасење на респираторниот систем
– 6 литри вода се доволни да ве испратат во кома.
Без категорија
Наскоро преку камера ќе може да се измери пулсот и ритамот на дишење

Google додава две важни функции на апликацијата Fit на моделите Pixel – и наскоро ќе ги додаде и на другите телефони со Android.
Имено, со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат да го измерат пулсот и да го следат ритамот на дишење во иднина. Овие функции, се разбира, треба да се користат само за следење на општата здравствена состојба и проверка на параметрите, и тие во никој случај не можат да го заменат лекарскиот преглед.
За да ја измерите брзината на дишење (број на вдишувања во минута), доволно е да ја насочите предната камера на телефонот кон главата и градите. За пулсот, треба да го ставите прстот над камерата каде што се наоѓаат сензорите, пренесува порталот The Verge.
– Лекарите го бројат бројот на вдишувања кај пациентите забележувајќи колку пати градите се зголемуваат и спуштаат, а апликацијата Fit треба да работи на сличен начин. Ние користиме вештачка интелигенција за да измериме различни параметри и да им помогнеме на луѓето да го одржат најдоброто можно здравје – пишуваат од Google Health.
ФОТО: researchgate.net
Без категорија
Eurosport 1 & 2 HD од понеделник на Total TV, вистинско спортско уживање за сите стари и нови корисници..

Нашите партнери од РиД Електроника Кичево ги известуваат своите ценети корисници на Тотал ТВ дека заклучно со ден 08.02.2021 понеделник дека позиција (170/171) ќе се емитуваат ултра популарните светски канали на ЕУРОСПОРТ 1 и 2 HD.
Бидете во тек со најактуелните спортски збиднувања само преку најквалитетниот ТВ стрим од Тотал ТВ.
Доколку немаш дома? .. За Кичево и околината информирај се на 070/855 540 или на фан страната РиД Електроника
Без категорија
(ФОТО) Кинеската сонда ја испрати првата фотографија од „Марс“ направена на 1,1 милиони километри од планетата

Кинескиот вселенски брод Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тијанвен-1 беше лансиран во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тијанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.
Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото каде што некогаш погоди голем предмет.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенска програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево2 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп [28.02] недела
-
Временска прогноза14 часа
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Се отцепи ледена област од Антарктикот, вкупната површина е поголема од Лондон