Лука Дончиќ продолжува со неверојатни настапи во НБА, младиот Словенец постигна 42 поени во победата на Далас против Сан Антоно со 117-110.

Словенецот со нов трипл-дабл, 42 поени, 12 асистенции и 11 скокови стана вториот по Леброн Џејмс кој остварил троен двоен учинок со над 40 поени пред да наполни 21 година.

Дончиќ е прв во историјата на Далас кој остварил трипл-дабл со 40 или повеќе постигнати поени.

Резултати:

  • Чикаго – Милвоки         101:115
  • Феникс – Бостон           85:99
  • Бруклин – Индијана      86:115
  • Клиперси – Оклахома   90:88
  • Њујорк – Кливленд       123:105
  • Торонто – Шарлот         132:96
  • Хјустон – Портланд      132:108
  • Јута – Минесота           102:112

извор: dribling.mk