Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Една ситуација во македонската фудбалска лига, што мислите дали е за црвен картон ова?

Avatar

Објавено пред

на

Ем со рака, ем се буниш, да пресудиме сами… што мислите за ситуацијава?!

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

ФФМ донира три амбулантни возила на Клиниката за хируршки болести

Avatar

Објавено пред

на

Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

– Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба.

Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.

Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Секоја чест!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во Тотенхем веруваат дека Кејн ќе остане барем уште една сезона

Avatar

Објавено пред

на

Раководството на Тотенхем е уверено дека лидерот на тимот Хари Кејн нема да го напушти тимот барем до следната година, пренесе „Дејли стар“.

Договорот на Англичанецот е со важност до летото 2024 година.

Претходно интерес за негов трансфер пројавија Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.

Кејн не игра од почетокот на јануари поради повреда. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер настапи на 25 натпревари, постигна 17 голови и забележа две асистенции.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѕвездата на Милан на својот поранешен клуб треба да му плати оштета од 16,5 милиони евра

Avatar

Објавено пред

на

 

Спортскиот арбитражен суд во Лозана, му нареди напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, да му плати на неговиот поранешен клуб Спортинг, 16,5 милиони евра. Казната е изречена за фактот дека во 2018 година Португалецот еднострано го раскина договорот со Спортинг.

По раскинувањето на договорот, Леао премина во Лил како слободен агент, а во 2019 година него го купи Милан за 35 милиони евра.

Првично, Спортинг бараше 45 милиони евра од 20-годишниот фудбалер, но судот му нареди да плати 16,5 милиони. Судската одлука може да биде обжалена.

За потсетување, во мај 2018 година, навивачите на Спортинг влегоа во клупската база и физички ги нападнаа играчите. Леао, како и многу други, после тоа го напушти клубот, а клубот почна да ги тужи играчите.

Клубот Спортинг бараше 45 милиони евра за „еднострано раскинување на договорот за соработка без причина“.

Од друга страна, португалскиот клуб ќе мора да му плати на Леао 40 илјади евра за мобинг (психолошко насилство, малтретирање, морален прогон). Фудбалерот бараше 100 илјади евра.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХроникаПред 3 часа

Дневен Хороскоп (30.03) понеделник #ОстаниДома #StopCovid19

ОВЕН Работа: Промените и важните случувања кои ги очекувате нема да стапат на сцена денеска, па важно е да бидете...

Здравје и убавинаПред 4 часа

Ова е најдобриот начин да го зачувате здравјето на својот мозок

Здравата исхрана може да има најголема улога во квалитетот на работата на организмот, што како последица на тоа е долг...

Временска прогнозаПред 9 часа

На зимата не и се оди, нова најава за снег во среда попладне и навечер

Метеорологот Славчо Попоски со најава за снег во среда. На зимата никако не и се заминува, очекувана снежна покривка во...

ГејмингПред 9 часа

Нашиот сервер во CS 1.6 ги доби и првите /top10 играчи, додека серверот е +4000 rank на GameTracker

Нашата мисија за останување дома и играње Counter Strike 1.6 е успешно реализирана и продолжува на наше огромно задоволство. Кичевчани...

МакедонијаПред 10 часа

До моментов 259 заболени лица од Корона вирус во Македонија

Бројката од 16 новозаболени од корона вирус што ја соопштив на конференцијата за печат треба да се зголеми за уште...

Без категоријаПред 13 часа

СВР Охрид: Изминатото деноноќие седум лица од Кичево не почитувале забрана за движење во полициски час

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00...

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (29.03) недела

ОВЕН За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден значи можност за остварување...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Ова е најмоќниот лек против воспаление на синусите

Овој лек од рен и оцет е навистина моќен во борбата против воспаленија на синуси и главоболките кои се задолжителен...

Без категоријаПред 2 дена

Донација на „АТВА Маркети“ во кичевската Општа Болница

Во време на вонредната состојбата со Коронавирусот каде во денешно време треба што повеќе да покажеме општествена одговорност према граѓаните,...

СветПред 2 дена

Од ноќеска летно сметање на времето, каде часовникот ќе се помести еден час напред

Летното сметање на времето ќе почне ноќеска-недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се...

НАЈЧИТАНИ