Музика
(ВИДЕО) Христијан Тришоски направи прекрасна преработка на песната „Распукај срце ко Шар планина“

Кичевчанецот Христијан Тришоски се враќа во полн сјај на македонската музичка сцена со прекрасна етно преработка на хитот од доајенот на македонската песна Наум Петрески – „Распукај срце ко Шар планина“.
На видеото: Клавијатура – Бојан Кузманоски, Кларинет – Даниел Божиноски, Канон – Филип Михајлоски, микс и мастер – Христијан Ѓорѓиевски
Среќна стара Нова година!
Имајте пријатен ден:
Музика
(ВИДЕО) „Балкан Румба“ е новото оро првенче на нашиот кичевчанец маестро Бојан Кузманоски

Маестро Бојан Кузманоски од Кичево вчера на ЈуТјуб етерот го издаде своето прво „видео и аудио“ музичко остварување насловено како „Балкан Румба“
Видео записот е дело на Христијан Тришоски, а се снимаше во близина на с.Извор – кичевско во природен амбиент, додека за снимањето да добие професионална форма учествуваа и Дејан (тапани), Марко (гитара), Филип (Бас) и Даниел (зурла).
– Се надевам дека ќе ви се допадне мојот аранжман кој е еден од плејадата на музички дела кои ги работам во ова време-невреме на пандемијата Ковид-19, паралелно почитувајќи ги мерките – вистинско време е ние музичарите да си ја наполниме душата со нова музика – на кратко додаде Бојан
Уживајте..
Култура
Почина Еди ван Хален – еден од најголемите рок гитаристи во светот

„Не можам да верувам дека морам да го напишам ова, но татко ми Евард Лодевик ван Хален загуби долга и тешка битка со ракот утрово“, рече на твит Волфганг ван Хален, басист кој свиреше со неговиот татко во групата. пренесува Ројтер.
Албумот беше 19-ти на листата на Билборд, што е едно од најуспешните деби во таа деценија.
Култура
Санаториум со „Параноја“ се враќа на сцената

Македонскиот култен треш состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Моќна, брза и енергична…, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. Ваквиот кам бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката.
Новата композиција на Sanatorium е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.
Во продолжение погледнете го видеото.
-
Кичево14 часа
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Временска прогноза1 ден
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Временска прогноза3 дена
Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [21.01] четврток
-
Култура3 дена
Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!
-
Мобилни уреди3 дена
НЕ КЛИКАЈТЕ на оваа порака, опасен вирус кружи по „Viber“
-
Случувања3 дена
Прогноза: Како ќе изгледа ковид 19 во иднина
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (22.01) петок