Следете не

Свет

(ВИДЕО) Ова момче има ангели чувари, погледнете како се спаси

Avatar

Објавено пред

на

Свет

(ВИДЕО) Македонците од Данска традиционално скокаа по крстот во Балтичко море, најсреќен беше Александар

Avatar

Објавено пред

на

Македонците кои живеат во Данска и оваа година го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со фрлање на крстот во водите на Балтичкото море во Копенхаген.

Од десетината млади луѓе кои учествуваа во чинот, оваа година учествуваше и најмладиот учесник, единаесет годишниот Никола Велиновски, а до крстот прв успеа да стигне 27-годишниот Александар Павловски.

Одбележувањето на празникот Водици започна со одржување на богослужба во македонската црква во Копенхаген од страна на отец Димче Ставроски, а потоа се упатија на кејот на морето каде се изврши и чинот на фрлањето на крстот.

Одбележувањето на празникот беше во организација на Македонската Православна Црква – ОА Општина „Св. Климент Охридски“ во Копенхаген и на Македонците кои живеат во Данска.

Извор: Курир.мк

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Загина португалски мотоциклист на релито „Дакар“

Avatar

Објавено пред

на

Португалскиот мотоциклист Пауло Гонсалвес почина по несреќата која ја имаше на седмата етапа од најпознатото рели Дакар.

Искусниот, 40 годишен Гонсалвес доживеал несреќа на денешниот специјал од 276 километри по која за жал го загубил животот. Од организацијата ја потврдија трагичната вест и објавија повеќе детали за немилиот настан.

– Пауло Гонсалвес кој го возеше мотоциклот со бр.8 почина по падот кој му се случи на денешниот специјал од 276 километри. Организаторите примија повик во 10:08 часот, а хеликоптерот со медицинска помош го пронајде мотоциклистот без свест во 10:16 часот. По обидите да се спаси неговиот живот, натпреварувачот беше однесен во болница каде беше прогласен за мртов, -стои во дел од соопштението на Дакар.

Инаку, Гонсалвес беше искусен возач на мотоцикли на Дакар, натпреварување на кое земаше учество уште од 2006 година. Негов најдобар пласман беше во 2015 година кога заврши на втората позиција веднаш зад Марк Кома, а минатата година се откажа уште во петтата етапа.

Годинава беше на 46. место во генералниот поредок, а оваа ниска позиција ја доби поради фактот што во третата етапа се соочи со голем проблем кога му откажа моторот, па сред пустина мораше сам да го менува и да ја продолжи трката. Тогаш Гонсалвес од организаторите, но и од фановите на Дакар беше прогласен за херој.

Прочитај повеќе...

Свет

Нов земјотрес во Порторико

Avatar

Објавено пред

на

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Порторико, соопшти Американскиот сеизмолошки завод.

Оттаму наведуваат дека епицентарот на ударот бил на 14 километри југоисточно од Гуаника.

Се уште нема  никакви информации за евентуално повредени лица или предизвикана материјална штета, јавуваат британските медиуми.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 21 минута

Во Кичево блесна нова клучара застапена со најсовремени машини за секаков вид на клучеви

Веќе 3 месеци откако е на Кичевскиот пазар, со „Клучар Даниел“ – вашиот специјалист за клучеви и брави се е...

ВидеоПред 4 часа

(ВИДЕО) VR наочари не се за стари, дедово скијаше, наиде дрво и се џидна

Без коментар, …. 😀

МагазинПред 5 часа

Што е поздраво: Оброк со кафеав или бел ориз?

Малкумина го имаат разграничено консумирањето на овие две состојки. Јадат како кафеав, така и бел ориз. Повеќето луѓе не гледаат...

СпортПред 5 часа

Наполи прв полуфиналист во италијанскиот куп

Екипата на Наполи е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа на домашен терен забележа победа над Лацио...

СпортПред 5 часа

МЗТ Скопје казнет со 15.000 евра и еден меч без публика

Дисциплинската комисија на АБА 2 лигата му изрече парична казна во висина од 15.001 евро на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ...

МакедонијаПред 8 часа

Да ја следиме хуманоста на дуото „ДНК“, Панчо и Андреј го посетија семејство на баба Ангела и Јордан

Кога ќе наттежне тажна приказна на некое македонско семејство момчињата од дуото „ДНК“ речиси за неполни 24 часа се на...

Временска прогнозаПред 9 часа

Времето денес: Суво и ладно со мала умерена облачност

И денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец....

Живот и стилПред 13 часа

Оваа храна ќе ви помогне доколку имате „несоница“

Никако не можете да заспиете? Размислете што јадете пред спиење и место големо парче пица, изедете некоја од следниве намирници....

ХороскопПред 16 часа

Хороскоп за денес (22.1) среда

ОВЕН Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се...

МакедонијаПред 18 часа

Марија е исчезната цели три дена: Семејството очајно моли за помош

Се бара исчезнато лице Марија Брзакова од Босилово на возраст 28 години. Кога била видена последен пат облечена била во...

НАЈЧИТАНИ