Следете не

Занимливости

(ВИДЕО) Светско а наше! Дејан Киревски од Битола направи машина за дезинфекција, како и маска за заштита од Корона вирусот

Avatar

Објавено пред

на

Битолчанецот Дејан Киревски измисли автоматска машина за дезинфекција без допир.

Видео записот на Дејан Киревски веќе е достапно на ЈуТјуб платформата и котира одлично меѓу популацијата.

Во време кога владее можноста од зараза од Коронавирус овој начин на заштита од вирусот за многумина ќе биде добредојден, а може да го пробате бидејќи согласно мерките поради настанатата ситуација работите налагаат да седиме дома и да се занимаваме со некоја работа. 🙂

Погледнете го овој импресивен начин на изработка на машината, како и изработката на усната маска за заштита, уживајте и не заборавајте! #СедетеДома #ЗаштитиСе

Сите видеа достапни на неговиот официјален ЈуТјуб канал ТУКА

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

Еве зошто пластичните шишиња за вода се користат само еднаш

Avatar

Објавено пред

на

Според едно ново истражување се докажа дека наполнето пластично шише содржи повеќе бактерии од тоалетна школка.

Поточно, има речиси 300.000 единици бактерии кои формираат колонии на сантиметар квадратен, што е над просечен тоалет.

– Водата на грлото на шишето е совршено топло место за размножување на бактериите, објасни доктор Еги Мекензи.

Ако имате слаб имунитет, бактериите врз вашето здравје можат да делуваат уште полошо, бидејќи може да добиете дијареа и грчеви.

Затоа експертите препорачуваат пластичните шишиња да се користат еднократно, а подобро е водата да се чува во стаклено шише.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Забава

Како да плаќате помали сметки за струја?

Avatar

Објавено пред

на

Сезоната на греење почна, а за да ја поминете во топол дом, ви претставуваме неколку начини како да заштедите на сметките за електрична енергија без разлика дали се греете на парно, на дрва, на радијатор…

1. Изолирајте ја влезната врата
На влезната врата ставете дрвен праг. Ако не може да се изведе, може на долната страна на крилото да се зацврсти цврста метална или пластична трака со метличка, која може да се набави во продавница. Ако вратата се отвора во студен ходник или директно кон надвор, пред вратата може да се постави завеса од тежок и густ материјал, што ќе го ублажи студениот бран и промаја.

2. Разместете го мебелот
Овој зимски „мејковер“ е бесплатен и привремен. Тргнете го мебелот од студените надворешни ѕидови и наместете го во близина на изворот на топлина. Што е можно повеќе тргнете го мебелот од радијаторите или други грејни тела, затоа што така го блокира топлиот воздух.

3. Ставете теписон
Теписонот го задржува студениот воздух под својата површина. Ќе ви помогне подолго да ја задржите топлината без оглед на тоа дали на подот има плочки, бетон, паркет или ламинат.

4. Набавете пренослива греалка
Ставете греалка што може да се преместува во просторијата во која најчесто седите, и намалете ја температурата на печката или шпоретот на дрва. Остатокот од куќата можеби ќе биде малку постуден, но ќе ви биде доволно топло ако се облечете подебело.

5. Не го прегревајте просторот
Оптималната температура е 20 степени. За секој степен се трошат 6 проценти повеќе енергија.

6. Водете сметка за ролетните и за завесите
Навечер спуштајте ги ролетните и навлечете ги завесите за да го намалите губитокот на топлина. Ролетните може да го намалат губитокот и до 10 проценти.

7. Проветрувајте ги просториите, но не подолго од 10 минути
На тој начин ќе ја сочувате акумулираната топлина во ѕидовите и во мебелот. Правилно е во текот на денот два до три пати да го отворите прозорецот на 2 до 3 минути што е доволно воздухот да се смени, а притоа да не се оладат подовите и ѕидовите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Забава

Кога е вистинско време за кафе?

Avatar

Објавено пред

на

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу осум и девет часот наутро.

Кон кофеинот би требало да се однесуваме токму како што пациентите се однесуваат кон лековите за болки и антибиотиците, значи земање според посебен рецепт. Според Стефан Милер, студент на докторски студии на подрачјето на неврологијата, најдобро време за пиење кафе наутро е меѓу 9.30 и 11.30 часот.

Милер, на својот блог NeuroscienceDC, објаснува дека правилното темпирање на пиење кафе спречува развивање на толеранција на тој глобално популарен пијалак. Тој истакнува дека принципот на развивање отпорност на кафето е сличен како и со антибиотиците и аналгетиците што пречесто се земаат, пренесува popsci.com.

Тоа што е поинаку кај кофеинот, за разлика од наведените лекови, е тоа што не си играте со промената на прагот на болка или со бројот на штетните бактерии во телото. Се поигрувате со иднината на сопственото тело.

Токму како што луѓето не би смееле да земаат аналгетици за лесни главоболки, размислувајќи само за брзо решавање на проблемот, така Милер истакнува како кафето треба да се избегнува да се пие кога телото се наоѓа меѓу тие најбудни периоди во денот. Ако сакате да испиете кафе и попладне, тогаш најдобро е тоа да го направите меѓу 17.30 и 18.30 часот, истакнува Милер на својот блог.

Всушност, се работи за погодување на најдоброто време во рамките на вашиот биолошки часовник што е регулиран од хипоталамичкото јадро, што регулира и други телесни функции. Наведените јадра го контролираат циклусот за спиење и неспиење, хранење и трошење на енергијата во телото, хомеостазата на шеќерот на тие хормони, од кои за будност е релевантен кортизолот (често наречен и хормон на стресот).

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу осум и девет часот наутро, нагласува Милер.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 2 часа

Првите анализи покажуваат снежна зима во нашите краишта со студени воздушни маси и температури до -20°C

Според првичните и моментални анализи со кој ние располагаме, секако и со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, претстојната...

ЗанимливостиПред 2 часа

Еве зошто пластичните шишиња за вода се користат само еднаш

Според едно ново истражување се докажа дека наполнето пластично шише содржи повеќе бактерии од тоалетна школка. Поточно, има речиси 300.000...

Здравје и убавинаПред 2 часа

Научници проучија зошто некои луѓе заболуваат од рак, а други не..

Една од најважните цели на денешната наука е насочена кон истражувањето за канцерот, втор најчест причинител на смрт во светот,...

Здравје и убавинаПред 3 часа

Лек од само 2 состојки лечи испукани пети и проширени вени за 10 дена

Кога се работи за стапалата, најчест проблем се испуканите пети и сувата кожа. Тие се последица на недостаток на влажност...

Здравје и убавинаПред 3 часа

Алуминиумската фолија ги лекува болките во грбот и вратот

Ако чувствувате болки во грбот и рамената, колената или на друго место од телото, ставете алуминиумска фолија на болното место...

Живот и стилПред 3 часа

Неколку причини зошто жените сакаат мажи со пивско стомаче

Секоја девојка ќе забележи момче со совршено извајано тело, но кога станува збор за зрела врска, жените не се заморуваат...

МакедонијаПред 5 часа

Голем број на новозаразени од Ковид-19, вкупно 194, 2 лица починати

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 77 -Куманово...

ЗабаваПред 6 часа

Како да плаќате помали сметки за струја?

Сезоната на греење почна, а за да ја поминете во топол дом, ви претставуваме неколку начини како да заштедите на...

ТехнологијаПред 6 часа

Повеќето автомобили на улиците се бели, дали знаете зошто? (ВИДЕО)

И покрај богатата понуда на нијанси, клиентите обично избираат бела боја на автомобилот! Според достапните податоци, белата боја доминира во...

ТехнологијаПред 6 часа

За прв пат по 10 години, пристигнува нова Википедија

Промените ќе се воведат постепено, во подолг период, за да им се даде на корисниците можност да испробаат нови опции...

НАЈЧИТАНИ