Следете не

Видео

(ВИДЕО) Во најава нов видео запис за божикна каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“

Објавено пред

на

Видео записот за божиќната каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“, е веќе во завршна фаза. Се очекува пред самиот празник, видео спотот да биде пуштен во јавноста, информираат на својата веб страница од Бигорскиот манастир.

Песната е во изведба на Верче Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Режијата, монтажата и продукцијата на видеото е на Даниел Јовески. Песната е снимена во студиото „Фаме’с“.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“, а со благослов и соработка на Бигорскиот манастир, се направи музички аранжман за древната каланда „Христос се роди денес“. Аранжманот за музиката го направи Владимир Димовски, а во оркестарот музичари учествуваа, на виолина: Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли: Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; на виолончело: Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; на контрабас: Митко Иванов; на кларинет: Петар Христов, на канон: Тимко Чичаковски и на харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ.

Со ова, всушност, како што се посочува „Бадникови поворки“ и годинава го одржа ветувањето дека за секој Божик ќе возобновува по една стара коледарска песна.

Од Бигорскиот манастир наведуваат дека во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 луѓе, меѓу кои познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Костимографијата ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски.

Каландата „Христос се роди денес“ е продолжение на процесот за возобнова на древните божикни традиции, со кои побожно се славело Рождеството Христово. Пеејќи ги Божикните каланди, верниците, особено најмладите, на Бадник го објавувале насекаде со радосно ликување доаѓањето на Божјото Слово на земјата. Но, во тоа празнично возвестување учествувале, се разбира, и возрасните, кои често, организирани во групи заедно со неколку музичари, попладнето на Бадник, оделе од куќа на куќа и пееле каланди. Годинешниов спот го прикажува токму тоа, информираат од Бигорскиот манастир.

Во продолжение текстот на каландата, како и прилогот со изјавите на дел од актерите:

Христос се роди денес

Добровечер, домаќини, ако има во вас желба,
да раскажам за светото раѓање на Христа Бога.

Христос се роди денес во Витлеем јудејски,
небесата се веселат, сета твар се радува.

Во пештера се раѓа, во јасли на животните,
Царот на небесата и Творецот на вселената.

Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“
и достојна за восхит е верата на пастирите.

Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови,
ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува.

Во овој дом што пееме, камен да не падне,
домаќинот на куќава, долго жив да биде.

И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете,
на светата Литургија со многу побожност и радост.

И дома штом се вратите, на трпеза да каснете,
дајте и на сиромаси, за никој да не снема.

Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба,
и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде.

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Експлодирала ракета od „Starship“, се огласи и Илон Маск

Објавено пред

на

Новата ракета на компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск експлодираше денеска при првиот пробен лет.

Ракетата Starship требаше да биде лансирана во орбитата на Земјата, но се урна во Пацификот, во близина на Хаваи, пишува АП.

Се додава дека во денешната експлозија нема повредени. Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата.

Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.

Маск зборуваше за неуспешното лансирање на ракетата Starship, велејќи дека за неколку месеци ќе се направи обид за ново лансирање.

„Честитки до тимот на SpaceX за возбудливото пробно лансирање на ракетата Starship! Научи многу за следното пробно лансирање за неколку месеци“, напиша Маск на Твитер.

Ракетата долга 120 метри експлодирала неколку минути по полетувањето, пишува Би-Би-Си и ги цитира оценките на инженерите кои тврдат дека лансирањето, без разлика на експлозијата, било успешно и дека собраните податоци ќе ги прегледаат за време на работата на следната тест лансирање.

Британскиот јавен сервис вели дека работите тргнале наопаку во моментот кога требало да се одвои бустерот, по што дошло до експлозија. Ѕвездениот брод требаше да биде лансиран во орбитата на Земјата, но се урнал во Пацификот, во близина на Хаваите, пишува АП и наведува дека во денешната експлозија нема повредени.

Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата. Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Видео

Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги?! Едноставно е! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги кои се насобрале со текот на времето?! Едноставно е! Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.

Нема човек на кој не му се залепило пегла на ткаенината, оставајќи дамки од изгорен материјал на рамната површина.

Многу луѓе се обидуваат да најдат лек кој ќе ги отстрани изгорените делови, а никогаш не би помислиле дека тоа може да се направи само со помош на таблети кои веројатно веќе ги имате дома.

Имено, еден татко демонстрирал магичен трик за чистење пегла на Тик Ток.

Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.

Да, овој трик сигурно ќе ве воодушеви, бидејќи пеглата можете да ја исчистите со таблета парацетамол.

Видеото прикажува детална процедура, а доколку ја следите, можете да заштедите многу пари, кои инаку би ги потрошиле за купување нова пегла.

Прв чекор: Добро загрејте ја пеглата

Чекор два: Фатете ја таблетата со пинцета и нежно втријте го на загреаната даска за пеглање.

Трет чекор: Кога ќе ја намачкате пеглата со парацетамол, избришете ја со стара крпа и ќе видите како остануваат нечистотиите на крпата.

Видеото погледнете го ТУКА.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили3 часа

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили3 часа

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза21 час

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево1 ден

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Спорт2 дена

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на...

НАЈЧИТАНИ