Кичево
Викенд промоција на „Монстер“ енерџи на ЛУКОИЛ Кичево
ЛУКОИЛ ДООЕЛ Македонија во соработка со енергетските пијалоци на „Монстер“ организира промоција на своите малопродажни објекти ширум нашата држава.
Брендот оваа Сабота и Недела на 23.03 и 24.03 почнувајќи од 13:00 до 16:00 часот – ќе ги презентираат своите производи на бензинската станица ЛУКОИЛ Кичево.
1. На еден купен Монстер енерџи добивате еден стикер од Валентино Роси.
2. На два купени Монстер енерџи добивате можност да одберете привезок за клуч, стегач за рака или марама.
3. На три купени Монстер енерџи добивате гратис нови вкусови на брендот.
Дополнете гориво и освежете се со Монстер енерџи!
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
„Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево3 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево24 минути
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника5 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин1 ден
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт2 дена
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Спорт18 часа
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“