Без категорија
(ФОТО) Влатко Миладиноски деновите во карантин ги поминува со најблиските во село, во чиста природа со убава македонска песна

Поминувајќи го денот вчера контактиравме со нашиот кичевчанец, познатиот македонски фолк пејач Влатко Миладиноски кој за нашиот портал ни раскажа дека веќе 3 месеци карантинот го поминува со најмилите во својата викендица во село Јаорец оддалечено на 9 километри од Кичево. Недопрената природа и зеленило се непроценливо богатство во нашата етнографска област, позиционирана во централниот дел од Западна Македонија.
За себе вели дека ова е единственото место каде практично ги полни батериите, одминувајќи го времето во природа со песна и позитивна енергија.
Влатко посебно ќе го памети овој тежок период, бидејќи вонредната состојба со пандемијата ги одложи сите гостувања во Европа и големата турнеја за македонците во Америка и Канада, но сепак е ова доказ дека може и со ова темпо да се живее кога мора.
Да ги почитуваме до крај предвидените мерки за заштита од Ковид-19 вирусот и да ја негуваме нашата македонска музика – додаде Миладиноски
За убав ден, ви го препорачуваме „македонскиот сплет“ на песни снимен токму во с.Јаорец.
Останатата дискографија преслушајте ја на неговиот официјален YouTube канал ТУКА, уживајте..
Без категорија
Наскоро преку камера ќе може да се измери пулсот и ритамот на дишење

Google додава две важни функции на апликацијата Fit на моделите Pixel – и наскоро ќе ги додаде и на другите телефони со Android.
Имено, со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат да го измерат пулсот и да го следат ритамот на дишење во иднина. Овие функции, се разбира, треба да се користат само за следење на општата здравствена состојба и проверка на параметрите, и тие во никој случај не можат да го заменат лекарскиот преглед.
За да ја измерите брзината на дишење (број на вдишувања во минута), доволно е да ја насочите предната камера на телефонот кон главата и градите. За пулсот, треба да го ставите прстот над камерата каде што се наоѓаат сензорите, пренесува порталот The Verge.
– Лекарите го бројат бројот на вдишувања кај пациентите забележувајќи колку пати градите се зголемуваат и спуштаат, а апликацијата Fit треба да работи на сличен начин. Ние користиме вештачка интелигенција за да измериме различни параметри и да им помогнеме на луѓето да го одржат најдоброто можно здравје – пишуваат од Google Health.
ФОТО: researchgate.net
Без категорија
Eurosport 1 & 2 HD од понеделник на Total TV, вистинско спортско уживање за сите стари и нови корисници..

Нашите партнери од РиД Електроника Кичево ги известуваат своите ценети корисници на Тотал ТВ дека заклучно со ден 08.02.2021 понеделник дека позиција (170/171) ќе се емитуваат ултра популарните светски канали на ЕУРОСПОРТ 1 и 2 HD.
Бидете во тек со најактуелните спортски збиднувања само преку најквалитетниот ТВ стрим од Тотал ТВ.
Доколку немаш дома? .. За Кичево и околината информирај се на 070/855 540 или на фан страната РиД Електроника
Без категорија
(ФОТО) Кинеската сонда ја испрати првата фотографија од „Марс“ направена на 1,1 милиони километри од планетата

Кинескиот вселенски брод Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тијанвен-1 беше лансиран во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тијанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.
Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото каде што некогаш погоди голем предмет.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенска програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
-
Кичево3 дена
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево3 дена
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Кичево1 ден
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (26.02) петок
-
Македонија20 часа
Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!
-
Македонија1 ден
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица