Следете не

Кичево

Кичевчанецот Влатко Миладиноски на голема турнеа по светот

Објавено пред

на

Пејачот на народна музика, Влатко Миладиноски,најавува голема светска турнеја, која ќе опфати гостувања во многу земји каде живеат наши Македонци. Гостувањата почнуваат со реализација во самиот финиш на оваа година, а продолжуваат во текот на речиси цела следна 2019.

Овој месец ми започна со гостување во Швајцарија, а веќе следниот сум кај нашинците во Грција, додека во јануари патувам за Канада. Отсега можам да го најавам и гостувањето во Холандија, Амстердам, за 8-ми март, додека пак после тоа ме очекува големата турнеја во Австралија, вели Влатко и додава дека во завршна фаза се договорите за настапи во Турција, Словенија и повторно во Швајцарија.

Деновиве Влатко го заврши и снимањето на спотот за неговата нова песна „Се ми снема”

Спотот се снимаше на неколку локации, заедно со „Арт Студио”, а премиерата се очекува наскоро.

Кичево

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Објавено пред

на

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата, фала богу.

Печалбарите дел се враќаат да прослават со најблиските, дел доаѓаат покасно.

Скоро секој град факт е дека се труди да биде препознатливо украсен за овие денови, но нашиот град Кичево, односно челниците веќе 5 години по ред финансиските средства предвидени за украсување истакнуваа дека ќе бидат распределувани во хуманитарни цели, онаму каде е најпотребно.

Поради новонастанатата енергетска криза, каква ќе биде одлуката за оваа година останува да видиме, иако градот располага со реквизити за новогодишно украсување, кои се употребувани изминатите години.

Имено кичевчани сигурно нема да останат рамнодушни и ќе ги украсат своите тераси, прозори и со тоа ќе го разубават своето живеалиште и секако градот во целина.

Во 2019 година ТУКА направивме еден вид мал натпревар во „најубаво украсена куќа или стан“ во Кичево, со тоа што сакавме да ја доловиме новогодишната атмосфера, преку вашите домови и вашите најразлични декорации, со илјадници сијалички обвиткани околу терасите, дрвцата и прозорците на куќите, но и со светлечки фигури на Дедо Мраз, Снешко, буквално се што е од новогодишен украс.

Доколку одлучиме и оваа година да направиме нешто слично, ќе ве известиме, до тогаш погледнете ја галеријата од 2019 и победникот ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Вчера било украдено возило во Кичево, да помогнеме доколку некој го забележи!

Објавено пред

на

За жал живееме во тешко време на кражби, манипулации и несовесни работи кои го допираат дното на човештвото.

Вчера на 24.11.22 вечерта во Кичево од пред влез, од сопствен паркинг на ул. 11-ти септември, украдено е возило „Hyundai Accent“ (во прилог фото/се бара и под тие регистарски ознаки доколку сеуште се возат)

За да им помогнеме на семејството кои се сопственици на возилото, упатуваме апел до сите кои некаде ќе го забележат автомобилот веднаш да известат на тел бр. ☎️ 071/382-703 или во Полициската станица.

За немилиот настан известени се ОВР Кичево.

Сподели што повеќе луѓе да го видат возилото, со цел побрзо препознавање и пронаоѓање.

Ви благодариме.

Прочитај повеќе...

Кичево

Само вчера во Кичево три лица во Полиција пријавиле напад од кучиња скитници

Објавено пред

на

На 16.11.2022 година во ОВР Кичево, Л.Ц.(44) од кичевското село Долно Строгомиште пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, И.А.(66) од истото село и Ф.Ф.(33) од селото Стрелци пријавија дека на улицата „Партизански Одреди“, односно „Маршал Тито“ во Кичево биле каснати од куче скитник, за порта известува потпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за понеделник (28 ноември)

ОВЕН Може да очекувате нови случувања на деловно поле. Пресврти ве очекуваат ненадејно. Ве очекува и флерт со нова личност....

Спорт8 часа

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата...

Временска прогноза9 часа

Утро со многу ниски температури, дожд и снег, еве каде..

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и...

Македонија10 часа

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот. Зимата и...

Технологија13 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура15 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили18 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза1 ден

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

Кичево1 ден

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата,...

НАЈЧИТАНИ