Следете не

Македонија

Влажни коловози на патиштата

Avatar

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

5 починати и 53 новозаразени од Коронавирус е билансот во нашата држава

Avatar

Објавено пред

на

Во последниве 24 часа од последици од коронавирусот починаа 5 лица, дознава Алсат.

Од нив 1 од Скопје, 2 од Куманово, 1 Струга, 1 Велес,

Со ова вкупниот број на смртни случаи во земјава достигна 17.

Според нивните податоци, последново деноноќие позивитни на вирусот се 53 лица.

По градови:

Скопје – 13

Струга – 14

Куманово – 8

Штип – 5

Прилеп – 2

Тетово – 2

Кочани – 6

Велес – 1

Гостивар – 2

Извор: вечер

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Викендов поголема контрола за време на Полицискиот час

Avatar

Објавено пред

на

Утре и задутре повеќе полиција на улиците. Полицискиот час во сабота и недела започнува од 16 часот и трае до утре дента до пет наутро. Минатиот викенд МВР регистрирало непочитување на забраната за движење па затоа овој викенд низ државата ќе има значително повеќе полиција во однос на минатата сабота и недела.

Јас направив паралела со изминатиот прв викенд кога имаше ограничување на движењето, кога имавме значителен пораст во непочитување на забраната за движење. Но добро тоа е одраз и на поголемата саатница, меѓутоа овој викенд очекуваме дека граѓаните ќе манифестираат многу поголема совесност и ќе ја почитуваат мерката за забрана а јас ќе ги информирам дека припадниците на МВР ќе бидат ангажирани во поголем број, рече Чулев.

Идејата во полициски час да се користат полициските дронови за да се ловат граѓаните кои не ја почитуваат забраната, се уште не стигнала пред влада.

Точката чека на дневен ред на затворена седница на влада. Штом помине на затворена седница на влада сигурно ќе бидат употребени дроновите во смисла на следење на движењето на граѓаните, додава Чулев.

Во изминативе 24 часа низ Македонија 43 граѓани се движеле по 21 часот без соодветна дозвола. Приведени биле 27 лица а за останатите се земени податоци а МВР најави мерки против нив. Полицијата информираше дека во последното деноноќие на 91 лице им се издадени решенија за изолација а 23 потпишале изјава за самоизолација. Контролите на МВР покажале дека само едно лице во изминатиов ден при проверката на полицијата не било дома.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Секоја чест! ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со Коронавирусот

Avatar

Објавено пред

на

Во овие тешки услови од кои сме погодени сите, ЛУКОИЛ Македонија како дел од групацијата ЈАД ЛУКОИЛ, следејќи ги начелата за општествено и одговорно делување на својата групација, го дава својот придонес кон што поефикасно справување со ситуацијата со обезбедување на гориво онаму каде што е најпотребно.
ЛУКОИЛ Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот: Министерство за здравство, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје и Црвен крст на Македонија.
„2020 година со сигурност сите ќе ја запаметиме како исклучително тешка година. Човештвото во моментов се справува со можеби еден од најтешките предизвици во поновата историја.
Владите преземаат мерки за справување со епидемијата, како и за намалување на штетите од потенцијална економската криза. Голем дел од бизнис секторот прави сè што е во негова моќ со цел да помогне, да ги поддржи институциите како и сите оние кои во оваа исклучителна ситуација им е потребна помош. Една стара руска мудрост вели ‘немај илјада рубљи, имај илјада пријатели’. А вистинските пријателите се тука во тешките времиња.
Искрено се надевам дека со доделувањето на гориво за институциите на системот и Црвениот крст ќе придонесеме во нивното успешно функционирање и обезбедување здравствена и друга помош за граѓаните во овој тежок период“, вели г-дин Андреј M. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
Институциите ќе добијат картички за гориво издадени од ЛУКОИЛ Македонија кои ќе можат да се искористат на бензинските станици на ЛУКОИЛ низ државата во претстојниот тежок период.
ЛУКОИЛ Македонија ја користи оваа прилика уште еднаш да им порача на македонските граѓани да ги следат насоките од Министерството за здравство за заштита и превенција од коронавирусот и им упатува желба за добро здравје.
Во исто време, ЛУКОИЛ Македонија се заблагодарува за пожртвуваноста на целиот медицински персонал, волонтерите, но и сите оние кои се директно вклучени во борбата за справување со COVID-19.
Стои во интегралниот текст на реномираниот бренд за горива во Македонија – Лукоил Македонија

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 часа

5 починати и 53 новозаразени од Коронавирус е билансот во нашата држава

Во последниве 24 часа од последици од коронавирусот починаа 5 лица, дознава Алсат. Од нив 1 од Скопје, 2 од...

МагазинПред 16 часа

Во следната епизода на Фчерашни Новости: Како изгледа еден полициски час?!

Фчерашни Новости, на барање на своите фанови, ве носат одблиску на улиците на главниот град, со цел да посведочите како...

Временска прогнозаПред 17 часа

Денес врнежи од дожд, а на повисоките места снег, додека стабилизација може да се очекува во понеделник

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе...

ХороскопПред 19 часа

Хороскоп за денес (04.04) сабота

ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни...

МакедонијаПред 20 часа

МВР: Викендов поголема контрола за време на Полицискиот час

Утре и задутре повеќе полиција на улиците. Полицискиот час во сабота и недела започнува од 16 часот и трае до...

ВидеоПред 22 часа

(ВИДЕО Куче приметило бебенце дека не дише, еве што направи за да го спаси!

Тие не претпоставуваа дека Џук еден ден ќе им врати за целото внимание и љубов. Пред шест години, семејството Брукс...

МакедонијаПред 1 ден

Секоја чест! ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со Коронавирусот

Во овие тешки услови од кои сме погодени сите, ЛУКОИЛ Македонија како дел од групацијата ЈАД ЛУКОИЛ, следејќи ги начелата...

КичевоПред 1 ден

„Bacardi Lounge“ со информации за работно време на активната достава до вашата дестинација во Кичево.

Bacardi Lounge Bar – Кичево ги известува своите ценети клиенти дека храна можат да порачуваат на нивниот број 076/599-566, и тоа...

МакедонијаПред 1 ден

Детали од МВР за физички нападната девојка од Штип

Вчера, односно на ден 02.04 Секторот за внатрешни работи Штип презеде мерки и активности при што врз основа ги лиши...

МакедонијаПред 1 ден

11 доктори од кумановската болница се новозаболени од Коронавирус

Единаесет здравствени работници од Општа болница Куманово во изминатото деноноќие биле регистрирани како позитивни на коронавирусот, пишува Телма. Информацијата за ТВ Телма ја...

НАЈЧИТАНИ