Следете не

Македонија

Влажни коловози на државните патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Патниот правец А3 Каменица-Делчево поради голем одрон е затворен за сообраќај.

Од “Вијадукт Трејд” известуваат дека на ден 19.12.2018 г. ќе се започнат градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на Наплатна Станица Миладиновци), за што ќе се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Facebook

Последни објави

СлучувањаПред 8 часа

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Еден полицаец загина, друг се бори за живот, повредени и други лица

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцена која синоќа се случила во Куманово,...

МакедонијаПред 9 часа

7-ми Мај неработен ден за сите

Доаѓањето на Папата кое е историски настан на 7-ми мај Вторник всушност ќе значи и неработен ден македонските граѓани. Владата...

ЗабаваПред 11 час

На денешен ден.. (21.04)

753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим. 1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го...

ЗабаваПред 18 часа

Дневен хороскоп | 21.04 Недела

Овен Денеска е особено поволен ден за сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Заработувачката се зголемува. Чувството на...

ЖивотПред 19 часа

БОЖЈО ЧУДО: Јовче по четири години поминати во кома, се разбуди и ќе слави матура со своите другарчиња

Јован Колоски, струшкото детето херој, кој по четири години поминати во кома успеа да се разбуди и да ја победи...

ЗабаваПред 19 часа

(ВИДЕО) Ова нема граници на човечка издржливост, погледнете

КултураПред 22 часа

Утре е Цветници: Што треба да знаете за овој празник кој е предвесник на Велигден?

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во...

СпортПред 23 часа

Ериксен се поблиску до кралскиот клуб

Ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен на лето најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, ексклузивно пренесува весникот „АС“. Данскиот репрезентативец...

Временска прогнозаПред 1 ден

Утрешниот ден ни носи сонце и стабилно време

Утре преку денот ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер кој...

МакедонијаПред 2 дена

МВР: Викендов ќе работат сите одделенија на Управни Служби

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20...

Популарни

Close