Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11 2019 година ќе започне законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.