Живот Култура Музика

„Крвта не е вода“: Внукот на Тоше Проески ја објави целосната верзија од својата прва песна (ВИДЕО)

Кристијан Ристевски започнува соло кариера. Талентираниот внук на Тоше Проески ја објави својата прва авторска песна „We Are Blood“.

За песната Кристијан соработуваше со британскиот композитор и продуцент Енди Рајт.

„Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт, кој беше задолжен за доработка на песните од новиот постхумен албум на вујко ми, ‘The Secret Place’. Во текот на престојот Енди доби идеја да снимам една песна. По долго размислување ја прифатив понудата и решив да пеам за вујко ми. Текстот на песната произлезе од нашите разговори поврзани за Тоше. Го напишавме двајцата“ – изјавил Кристијан за Радио Бубамара.

„We Are Blood“ ќе биде дел од новиот постхумен албум на Тоше, насловен „The Secret Place“.

Тоше и Кристијан имаат една заедничка песна, „My Little One“.

Преслушајте ја и уживајте новата песна на Кико: