Хроника
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
Вчера на ден 05.07.2022 во 14.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа во близина на авто-камп кај Струга во водите на Охридското Езеро било забелеажно удавено лице.
На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Хроника
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, известуваат од МВР.
Хроника
Замина големиот другар, легенда, најдобриот боди билдер кои го познававме Мирко, почивај во мир другарче, прерано замина!
Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.
– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.
По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.
„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.
Хроника
МВР: Детали за стравичната сообраќајка која го потресе Кичево и регионот, каде загина едно лице
На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот.
Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош а со тешки телесни повреди, се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Култура20 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Балкан9 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.