Македонија
Во близина на Охрид, сопрен автомобил со дебарчани поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(26) од дебарското село Отишани. Во возилото како сопатници беа О.И.(29), К.Н.(20), со две малолетни лица, сите од селото Долгаш, општина Центар Жупа, како и А.Џ.(20) од дебарското село Џепиште.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во членот 206 од Казнениот законик, а по претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид , лицата се задржани и запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица. Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид
Портпарол: Стефан Димоски
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево19 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево16 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника21 час
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници