Свет Случувања

Во Германија отворен најголемиот пешачки висечки мост на светот

Во горјето Харц, на северозападот од Германија, отворен е најголемиот пешачки висечки мост на светот, широк 1,2 метри а долг 483 метри, од кои 458 метри се висечки дел, кој се издигнува 100 метри над најголемиот резервоар за вода, браната Рапбоде во истоимената долина.

Досега називот најголем висечки мост на светот го носеше „Скајпарк“, 440 метри долгиот пешачки мост во Краснаја Полјана во близина на црноморското летувалиште Сочи во Русија.

Мостот во Германија, наречен „Титан-РТ“, е ставен во функција недалеку од градот Берхарц ам Брокен, а неговото планирање и градба траеле пет години.

Конструкцијата од челични сајли има влечна сила од 947 зони. Мостот е вгнезден во карпите од шкрилци на двете страни од долината. Австриската компанија HTB речиси десет месеци ја поставувала конструкцијата.

Операторот со мостот, компанијата „Harzadrenalin“, не ја открива неговата вкупна цена. Но наведува дека билетот за преминување преку мостот ќе чини 6 евра за возрасните посетители и оти од него ќе има можност да се изведуваат ткн „банџи скокови“.

Leave a Comment

Close