Кичево
Во Кичево денес нови 3 лица во самоизолација, додека ноќеска сите почитувале полициски час

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 15.04. до 07 часот на 16.04.2020 година, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација.
Во Охрид, регистрирани се 14 нови лица со решение за изолација и извршени се 7 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Евидентирани се 20 нови лица во самоизолација, ( Охрид-2, Струга-15, Кичево-3) и извршени се 370 контроли врз овие лица (Охрид-44, Струга-191, Кичево-20 и Дебар-115).
Извор: СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 25.02.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Од 09:00 до 11:30 часот – МВР Кичево, дел од потрошачи на ул. 11-ти Октомври, 11-ти Септември и булевар „Ослободување“ во близина на Полиција – Кичево
Извор: Струја
Кичево
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот

До нашиот портал пристигна фотографија од возач кој патувал по регионалниот пат Кичево-Битола, каде што може да забележиме одрони на коловозот, на сама кривина во близина на рибникот „Белица“.
Апел за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи во овој регион често пати се случува да има лизгање на земјиштето и одроните да го попречуваат движењето. Во ваков случај известете ги службите доколку истите не се санкционирани, со цел да се избегне поголема сообраќајна катастрофа.
ФОТО: Боро П
Час: 17:25
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево16 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Занимливости3 дена
Најновите студии говорат дека луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност против Ковид-19 вирусот
-
Свет3 дена
КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ОДАТ НА МАРС? Сè зависи од една одлука на Америка, експертите тврдат дека е поблиску отколку што мислиме!
-
Временска прогноза3 дена
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска