Следете не

Спорт

Во прилог сите трансфери во МФЛ, додека од утре започнува пролетниот дел од сезоната помеѓу Академија Пандев и Работнички

Објавено пред

на

Зимскиот преоден рок во Македонија заврши, а утре почнува пролетниот дел од сезоната со премиерата меѓу Академија Пандев и Работнички (14 часот) во Струмица. Шкупи ги нагласи амбициите во трката за шампионската титула, доведе нов тренер и неколку странски засилувања, иако замина најдобриот стрелец во првиот дел од сезоната, Дембо Дарбо.

Половина од прволигашите имаат нови тренери. Покрај Шкупи, нови стратези имаат и Работнички, Академија Пандев, Борец, Беласица и Вардар. Никола Илиевски Џиџи е и единственото засилување за Вардар, кој остана без огромен број играчи, а не можеше да доведе нови поради забраната за трансфери и недостигот на финансии.

Голема реорганизација се случи и во Борец по заминувањето на досегашниот спонзор, компанијата „Брако“ на Кочо Анѓушев, заминаа огромен број играчи, но дојде нов тренер Борче Христов и неколку нови фудбалери.

Работнички исто така доведе голем број засилувања, Беласица ќе се обиде да се спаси со Ѓоре Јовановски и со реновиран ростер, а истото го посакува и Академија Пандев која го ангажираше Александар Васоски и неколку навистина квалитетни нови имиња.

Македонија ЃП исто така квалитетно го пополни тимот на Жикица Тасевски пред продолжението од сезоната.

ШКЕНДИЈА

Дојдоа: Рубин Хебај (Теута, Албанија), Ферат Рамадани (Гостивар), Вандерсон (Агуа Санта, Бразил), Камер Кака (Конгсвинер, Норвешка)

Заминаа: Валон Ахмеди (Шахтјор Солигорск, Белорусија), Арлинд Алити (Ренова), Леард Садриу, Беким Реџепи (Скендербег)

ШКУПИ

Дојдоа: Хакан Озан (нов тренер), Кристијан Трапановски (Академија Пандев), Матеј Цветаноски (Вардар), Абдул Руатубаје (Колорадо Рапидс, САД), Алберт Бугазели (Генерејшн Фут, Сенегал), Фостин Сенегор (Каса Спортс, Сенегал), Али Адем (Арис, Грција), Региналдо (Каисар, Казахстан), Мамадуба Бангура (Калум Стар, Гвинеја)

Заминаа: Дарко Глишиќ (Докса, Кипар), Фатјон Јусуфи (Ренова), Дембо Дарбо (Шахтјор Солигорск, Белорусија), Омар Гудијаби (Пелистер), Елвин Јунуѕаде (Кешла, Азербејџан)

МАКЕДОНИЈА ЃП 

Дојдоа: Робсон да Силва (Беласица), Чарлестон (Вардар), Изет Ајрулаху (Скопје), Самир Фазли (слободен), Филип Алексовски (Кораб), Стојан Стојчевски (Борец)

Заминаа: Мартин Ковачев (Лирија, Косово), Албан Сулејмани, Андерсон Барбоса, Бенџамин Демир (Беласица), Абдул Калид Басит (Есперанса, Тунис), Филип Мишевски (Борец), Давид Ристовски (Кадино)

СТРУГА ТРИМ ЛУМ

Дојдоа: Немања Босанчиќ (Колубара, Србија), Методија Велковски (Осогово)

Заминаа: Ардит Шаќири, Агон Хајредин (Велешта), Ате Мазари (Охрид), Малсор Ајети (Фљамуртари, Косово)

ВАРДАР

Дојдоа: Никола Илиевски Џиџи (нов тренер)

Заминаа: Чарлестон (Македонија ЃП), Јован Попзлатанов, Дарко Мицевски (РФС Рига, Летонија), Марко Мартинага, Андреј Стојчевски (Академија Пандев), Бесар Гудјуфи, Дамјан Трајановски (Беласица), Матеј Цветаноски (Шкупи), Милован Петровиќ (Сабаил, Азербејџан)

БОРЕЦ 

Дојдоа: Борче Христов (нов тренер), Лука Трајкоски, Ванче Шиков (Тиквеп), Дејан Силјановски (Беласица), Еди Баша (Астерас, Грција), Александар Мишов, Мартин Талаков (Академија Пандев), Анес Османовски (Брегалница), Филип Мишевски (Македонија ЃП), Азер Омерагиќ (Хајдук 2, Хрватска)

Заминаа: Марио Станковски, Бурхан Мустафа, Марјан Ристовски, Никола Прелчец, Никола Ристески (Работнички), Оливер Пеев (Беласица), Никола Радовиќ (Младост, Србија), Михајло Митров (Слога Виница), Филип Трајановски, Дарио Десниќ (Скопје), Оливер Стоименовски, Стојан Стојчевски (Македонија ЃП)

РАБОТНИЧКИ 

Дојдоа: Александар Влахо (нов тренер), Марио Станковски, Бурхан Мустафа, Марјан Ристовски, Никола Прелчец, Никола Ристески (Борец), Андреј Кировски, Христијан Грозданоски (Силекс)

Заминаа: Бранислав Трајковиќ, Лука Чумиќ, Милош Тошески (Бродарац, Србија), Јаник Дао, Филип Лазаревски (Скопје), Николче Шаркоски (Академија Пандев), Матеј Андов (Осогово), Муарем Муарем (Брегалница)

СИЛЕКС 

Дојдоа: Крста Ѓорѓевиќ (Бачка Топола, Србија). Јордан Серафимовски (Беласица), Ристе Каракамишев (Кожуф), Свилен Штерев (Етар, Бугарија), Филип Дурански (Серед, Словачка), Давид Манасиевски (ФК Њу Старс)

Заминаа: Кристијан Костовски, Филип Костовски (Тиквеш),Бојан Спиркоски (Велешта), Божидар Митревски (Тетекс), Андреј Кировски, Христијан Грозданоски (Работнички), Милош Жеравица, Стефан Ѓуриќ, Дарко Грозданоски

РЕНОВА

Дојдоа: Арлинд Алити (Шкендија), Џон Еду Мена Перез, Вулнет Ислами (Кораб), Марио Гајиќ (Триглав, Словенија), Арбен Тафа, Фатјон Јусуфи (Шкупи)

Заминаа: Сулејман Кулибали, Артан Велиу, Јасир Селмани (Гостивар), Валон Незири, Арменд Алиу, Алтин Сефо, Арбер Шала (Балкани, Косово)

ПЕЛИСТЕР 

Дојдоа: Ристе Илијовски (Тиквеш), Дарко Размоски (Беласица), Омар Гудиаби (Шкупи)

Заминаа: Борха (Кит-Го), Анес Хот, Александар Поповски, Ристе Размовски (Осогово), Филип Стојановски (Скопје), Христијан Торнески (Брегалница)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 

Дојдоа: Александар Васоски (нов тренер) Марко Јовановски, Коста Манев, Николче Шаркоски (Работнички), Игор Паноски (Беласица), Марко Мартинага, Андреј Стојчевски (Вардар), Бесник Ферати (Партизани, Албанија)

Заминаа: Кристијан Трапаноски (Шкупи), Марио Маслаќ, Милан Томиќ, Александар Мишов, Мартин Талаков (Борец)

БЕЛАСИЦА 

Дојдоа: Ѓоре Јовановски (нов тренер), Оливер Пеев (Борец), Бени Демир, Андерсон Барбоса (Македонија ЃП), Алексадар Вулиќ, Дамир Аврамовиќ, Страхиња Шево, Миленко Мијатовиќ (Инџија, Србија), Бесар Гудјуфи, Дамјан Трајановски (Вардар), Борис Јакимовски (Кадино)

Заминаа: Дејан Силјановски (Борец), Робсон да Силва (Македонија ЃП), Дарко Размоски (Пелистер), Игор Паноски (Академија Пандев), Благој Истатов, Никола Спасов, Васко Коцев (Осогово), Јордан Серафимовски (Силекс)

Извор: Макфудбал.mk

Спорт

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Објавено пред

на

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA).

Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето пред независен службеник за расправа. Забраната важи од 4 март 2024 година, а Атанасов е казнет и со 10.000 долари.

Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на TACP помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоците за резултатите од натпреварите за цели на обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување на корупција.

На Атанасов му е трајно забрането да суди и да присуствува на кој било тениски настан организиран од ИТИА, пишува британски „express“

Прочитај повеќе...

Спорт

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Објавено пред

на

©ФФМ / архива

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. април во недела.

Домаќин на финалниот натпревар ќе биде градот Велес, а мечот ќе биде одигран во спортскиот центар Гемиџии.

Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 ќе започне со почеток во 18. часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

Објавено пред

на

ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.

На турнирот освен учениците на Св. Наум Охридски, учествуваа и следните училишта:

-ООУ „Ванчо Прке“ – Штип  – со една машка и една женска екипа

-ООУ „Марко Цепенков“  – Скопје со една женска екипа

-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа

– ДСУ „Искра“ – Штип со една  машка и една женска екипа

– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа

– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа

Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.

„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува  фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.

Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза4 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан8 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево8 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт17 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг18 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура18 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle18 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин18 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

НАЈЧИТАНИ