Следете не

Спорт

(ВО ЖИВО) Play Station: Кој ќе не претставува на еЕУРО2021 во фудбал

Објавено пред

на

Спорт

Одбранетиот пенал на македонецот Димитријевски против Барселона, му ја запечати судбината на тренерот Куман

Објавено пред

на

Барселона по поразот од „Рајо Ваљекано“ падна на деветтото место на табелата, по десет кола има само 15 освоени бода, а падот што ја прели чашата беше исклучително лош настап против тимот од предградието на Мадрид.

„Барселона го отпушти Роналд Куман од должноста прв тренер“, се наведува во кратката порака што ја испратија Каталонците.

Засега не се знае кој би можел да го замени, но веќе извесно време се споменува името на Чави, легендарниот фудбалер на оваа екипа, како и на Луис Енрике, поранешниот шеф на каталонската професија.

И практично одбранетиот пенал и сочувување на водството на домаќините на нашиот македонски „октопод“ од редовите на „Рајо Ваљекано“ беше пресек за конечната одлука врз тренерот на каталонците, да го погледнеме тој момент бидејќи вреди:

ФОТО: WeLoveBarcelona_de

Прочитај повеќе...

Спорт

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Објавено пред

на

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста да им се дозволи на невакцинираните играчи да учествуваат на турнирот.

„Забрануваме невакцинирани луѓе да влегуваат во пабови, кафулиња, ресторани и на главниот стадион за крикет. Нема да бараме исклучок од оваа одлука. Значи, прашањето е суштински решено“, рече викторијанскиот премиер Ден Ендрјус.

Оваа најава на локалните власти доаѓа неколку месеци пред почетокот на Австралија Опен, традиционално првиот Грен слем во годината (17-30 јануари).

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави претходно дека на невакцинираните играчи ќе им биде дозволено да влезат во земјата доколку добијат изземање, за што државата Викторија треба да ги пријави.

Одлуките за визите и влезот во земјата ги носи австралиската влада, но за време на пандемијата на корона вирус, самите држави одлучуваа за сопствените правила во врска со влезот, како што се карантин или задолжителна вакцинација.

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, победникот на последните три турнири во Мелбурн и деветкратен шампион на тој Грен слем, претходно одби да одговори на прашањето дали е вакциниран против корона вирусот.

„Не знам дали ќе одам во Австралија, не знам што се случува. Ситуацијата не е добра во моментов“, изјави Ѓоковиќ на почетокот на овој месец.

Според АТП и ВТА организациите, вакцинирани се околу 65 отсто од тенисерите и повеќе од 60 отсто од тенисерките.

На овогодинешниот Австралија опен, тенисерите мораа да бидат во двонеделен хотелски карантин, а бројот на гледачи беше одреден на 30.000 гледачи дневно или 50 отсто од капацитетот.

Извор: Danas
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Спорт

УЕФА и ФИФА со највисоки оценки за финансиското работење на ФФМ

Објавено пред

на

На барање на Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период претставници на ФИФА и УЕФА вршеа ревизија на финансиското работење на Фудбалската федерација на Македонија, поврзано со проектите и активностите на ФФМ од користењето на средства од програмите „FIFA Forward“  за 2020 на ФИФА и „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА.

Фудбалската федерација на Македонија добила највисока оценка од ФИФА во однос на користењето на средствата од програмата Forward за 2020 година на ФИФА.

Наведено е дека средствата од развојните фондови на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија ги користи исклучиво наменски, односно по пропишаната процедура која вклучува детален опис на проектите, документација, процес на одобрување, имплементација и известување за проектите.

Претставници на УЕФА, оваа седмица на барање на ФФМ, врши ревизија на трошоците и искористувањето на средствата од „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми  на УЕФА. Преку оваа програма на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во државата, отворање на нови терени или реконструкција на постоечките со природна или вештачка трева, поставување рефлекторско осветлување итн.

Со оглед на тоа дека се работи за строго наменски средства, ФФМ има обврска, а токму тоа и го прави, да ги извести надлежните во УЕФА за вложувањето на средствата за проектите реализирани преку програмата на УЕФА.

ФФМ во соопштението вели дека како и досега ќе продолжи да ја обезбедува комплетноста и веродостојноста на своето финансиско работење за своите надлежни институции и останува отворена за сите прашања во однос на својата усогласеност со УЕФА и ФИФА, вклучително за распределбата и текот на финансиските средства за проектите од програмите на УЕФА и ФИФА.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 10 минути

Одбранетиот пенал на македонецот Димитријевски против Барселона, му ја запечати судбината на тренерот Куман

Барселона по поразот од „Рајо Ваљекано“ падна на деветтото место на табелата, по десет кола има само 15 освоени бода,...

КичевоПред 17 минути

Кичево: Времен прекин на електрична енергија, Бул. „Ослободување“, П.С. Кичево, 11-ти септември, „Надпашино“…

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 28.10.2021 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во...

На денешен денПред 28 минути

На денешен ден: 28 октомври

1492.- Кристофор Коломбо ја открил Куба на своето прво патување преку Атлантикот и го прогласил за шпанско. 1628 – Кралските...

ХороскопПред 2 часа

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 8 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 8 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 11 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 12 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 13 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 13 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

НАЈЧИТАНИ