Следете не

Естрада

(ВО ЖИВО) Припремете мезе и пијалок за екстра расположение со Стојне Николова & Благоја Грујовски вечерва од 21:00 часот

Avatar

Објавено пред

на

Да ја негуваме нашата музика и да дадеме поддршка на концертите во живо преку „livestream“ платформата која дефинитивно покажа резултат во вонредната состојба. Вечерва како што ни изјави Стојне специјално на барање на верната публика одново ќе ве забавуваат заедно со Бобан Мојсоски, нашиот кичевчанец Даниел Божиноски и за прв пат маестро Благоја Грујовски во живо од 21:00 часот на INTV или на официјалната страница на Стојне Николова.

Ние зедовме своја позиција, вие?

Уживјате.. 🙂

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Естрада

Пет нешта коишто докажуваат дека мажите се исти со пештерските луѓе

Avatar

Објавено пред

на

Еве пет точки според коишто е очигледно дека барем мажите не мрднале ниту чекор напред во евоулуцијата откога луѓето живееја во пештери.

1. Бркање девојки

Во овој поглед речиси ништо не е сменето. Пештерските луѓе имале потреба од секс, па едноставно ги ловеле своите жени, ги искористувале и потоа продолжувале со животот. Во денешно време, секој маж ќе признае дека не му е страна идејата за „секс за една вечер“. Тоа е нешто коешто останало во генот на мажот, да ги задоволи своите страсти… и да продолжи понатаму.

2. Јадење месо

Освен тоа што во меѓувреме се открија илјадници начини на спремање на месото, ништо друго не е сменето во поглед на желбата и потребата за месо. Батачиња, ребра, крилца, џигер, јазик… свинско, пилешко… ако постоеја диносауруси, мажите ќе ги глодаа и нивните коски мљацкајќи додека има што да се глода од нив.

3. Оган

Пештерските луѓе биле фасцинирани, а истовремено и преплашени од моќта на огнот. Го гледале и чувале како божество. Слично е и со денешните луѓе. Како деца сакаме да потпалуваме и да експериментираме со својот пиромански дух, а како возрасни едноставно не можеме да одолееме на идејата за готвење на скара. Вљубени сме во огнот од праисторијата па наваму.

4. Нудизам

Познато е дека во времето на пештерските луѓе немало капути од кашмир. Луѓето се шетале голи, а се „облекувале“ ако им застуди. Денес, мораме да одиме облечени заради етички норми, но ретки се оние мажи коишто не уживаат во тоа да ја расфрлаат долната облека после работа и да свртат едно кругче низ дома како од мајка родени пред да влезат во туш кабината.

5. Агресивност и територија

Во овој поглед, апсолутно ништо не сменето. Од праисторијата до денес мажите се заштитнички настроени кон своите грмушки со рибизли, пештери, жени, автомобили, станови… што сè не. Не можат да си помогнат, тоа тече во нивната крв, мажите сакаат да се натпреваруваат и борат за превласт, животни се, секогаш биле, секогаш и ќе бидат.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Естрада

(ФОТО) Влатко Миладиноски деновите во карантин ги поминува со најблиските во село, во чиста природа со убава македонска песна

Avatar

Објавено пред

на

Поминувајќи го денот вчера контактиравме со нашиот кичевчанец, познатиот македонски фолк пејач Влатко Миладиноски кој за нашиот портал ни раскажа дека веќе 3 месеци карантинот го поминува со најмилите во својата викендица во село Јаорец оддалечено на 9 километри од Кичево. Недопрената природа и зеленило се непроценливо богатство во нашата етнографска област, позиционирана во централниот дел од Западна Македонија.

За себе вели дека ова е единственото место каде практично ги полни батериите, одминувајќи го времето во природа со песна и позитивна енергија.

Влатко посебно ќе го памети овој тежок период, бидејќи вонредната состојба со пандемијата ги одложи сите гостувања во Европа и големата турнеја за македонците во Америка и Канада, но сепак е ова доказ дека може и со ова темпо да се живее кога мора.

Да ги почитуваме до крај предвидените мерки за заштита од Ковид-19 вирусот и да ја негуваме нашата македонска музика – додаде Миладиноски

За убав ден, ви го препорачуваме „македонскиот сплет“ на песни снимен токму во с.Јаорец.

Останатата дискографија преслушајте ја на неговиот официјален YouTube канал ТУКА, уживајте..

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Естрада

(ВО ЖИВО 20:30ч) Концерт на атрактивната Стојне Николова во придружба со кичевчанецот Даниел Божиноски и Мојсо

Avatar

Објавено пред

на

Уште еден „livestream“ концерт на нашата атрактивна Стојне Николова и Бобан Мојсовски во придружба на познатиот саксафонист од Кичево – Даниел Божиноски, во соработка со „IN TV & Mojso Production

Вистински спој за ултра музичко уживање на македонска музика, да ги почитуваме мерките и да останеме дома во одлично расположение!

Бидете дел и вклучете се во живо на официјалната фејсбук фан страна ТУКА во 20:30 часот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КултураПред 4 часа

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител...

ХороскопПред 5 часа

Хороскоп за денес (07.07) вторник

ОВЕН Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви...

МакедонијаПред 11 час

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199,...

МагазинПред 12 часа

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и...

МакедонијаПред 13 часа

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 1 ден

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид.. Според видеото кое го постираа јасно се...

СкопјеПред 1 ден

Вашата омилена урбана Зона М1 мрежа со вашите музички желби

Убав ден со Зона М1 и вашите музички желби преку смс 141344 од овој момент во следните неколку часа, а ги...

МакедонијаПред 2 дена

Ковид-19 не запира: Денес 115 новозаразени од кој 4 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. – Скопје 53 –...

НАЈЧИТАНИ