Кичево
(ВИДЕО) Потсетување на „Водици 2020“ во Кичево, како и најсреќните скокачи кои го извадија светиот Крст до сега

За жал оваа година поради пандемијата од Коронавирусот оваа традиционална и верска манифестација се одложи, така што во пресрет на големиот празник „Богојавление Водици“ со помош на нашата архива, нашите пријатели како и Кичевската Парохија,се потрудивме да направиме листа со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..
- 199* Никола Петрески
- 1996 Злате Матески
- 1997 Златко Богданоски
- 1998 Раде Мисајлески
- 2010 Јовица Тренески
- 2011 Синиша Стојаноски
- 2012 Даниел Симоноски
- 2013 Бобан Стефаноски
- 2014 Тане Србиноски
- 2015 Дени Дамчески
- 2016 Дејан Момироски
- 2017 Дарио Вренцоски
- 2018 Кристијан Врапчароски
- 2019 Христијан Митрески
- 2020 Кристијан Врапчароски
- 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот
Да се надеваме на подобри времиња и многу здравје!
Бог се јави!
Кичево
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење. Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без собири, но со видеомонографија подготвена со учениците од I до IX одделение под менторство на сите наставници во училиштето. Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот во 10 часот утрово, истата беше дело на Фото Зоран, а се прикажуваше и во 19 часот попладнево.
Концептот на програмата беше фокус врз целокупниот воспитно – образовен процес: рецитали, музички точки, мали драмулетки на англиски јазик, особен акцент врз теми од природната група на предмети. Фокус врз едно модерно, иновативно училиште, кое поседува голем број на талентирани ученици и посветени наставници.
– „Нашето училиште во текот на своето постоење, подготвило многу кадри што оставиле белег во општествениот и научниот живот во нашиот град, како и во нашата држава. Затоа, сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи особен развој“ – за нашиот медиум изјави директорот, Драган Андрески.
Кичево
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја информира јавноста дека вчера на ден 24.02.2021 година, А.М.(42) од Кичево, во полициската станица пријавил дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, од кучиња скитници биле каснати неговата мајка А.М. и неговите два малолетни сина.
Извор: СВР Охрид / Дневен билтен
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево2 дена
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Кичево21 час
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Кичево17 часа
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Македонија19 часа
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица
-
Македонија3 дена
Скок на заболени од Ковид-19, денес 509, починале 9 лица