Свет Случувања

Воен авион исчезна од радарската патека

Рано утрово Јапонски воен авион со четворица членови на екипаж исчезна денеска во северниот дел на Јапонија.

Авионот исчезна од радорот во близина на аеродромот „Хакодате“, на островот Хокаио, додека се обидуваше да понесе пациент од Хокадате, по барање на градоначалникот на градот, изјави портпарол на Министерството за одбрана.

Тој соопшти дека Министерството испратило авиони и хеликоптери во потрага по исчезнатото воено летало.

Испративме четири хеликоптери и два авиони за да го пронајдат исчезнатиот авион. Засега немаме пронајдено никакви траги, изјави портпаролот, додавајќи дека временските услови се лоши, особено во планините.

Исчезнатиот авион требало да превезе пациент од болницата во Хокодате до градот Сапора, поради посебен медицински третман.

Leave a Comment

Close