Следете не

Кичево

Вработените во „Синохидро“ од Кичево стравуваат од коронавирус, кинезите доаѓаат од одмор

Објавено пред

на

Стравот меѓу македонските работници на кинеската компанија „Синохидро“ не го намалува ниту тоа што нивните кинески колеги, по враќањето од татковината, меѓу другото, 14 дена треба да поминат во карантин.

Како што се ближи денот за враќање на работниците на кинеската компанија „Синохидро“ од одмор во татковината така расте загриженоста кај нашите работници што заедно со нив се ангажирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Некои од нив дури имаат намера да ја напуштат работата од страв од можна зараза со коронавирусот, кој зимава се појави токму во Кина, а во покраината од каде што доаѓаат кинеските работници досега се регистрирани над сто случаи на заболени.

Стравот не го намалува ниту тоа што работниците од „Синохидро“, пред враќањето во Македонија, 14 дена треба да поминат во карантин, како една од дополнителните мерки за претпазливост за справување со ширење на заразата од коронавирусот, кои неодамна ги утврдиле министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република, Кина Џанг Ѕуо.

– Најавите дека деновиве од родната Кина, каде што беа на зимски одмор, ќе се вратат некои од вработените на „Синохидро“ кај нас предизвикаа оправдан страв, вознемиреност и неспокој, бидејќи се работи за вирус што е лесно пренослив и опасен по нашето здравје. Ако се има предвид и фактот дека во провинцијата од каде што доаѓаат работниците на „Синохидро“ има над сто регистрирани случаи на заразени со овој вирус, тогаш стравот е повеќе од оправдан. И покрај сознанието дека работниците што треба да се вратат во земјава се наоѓаат во двонеделен карантин, сепак и овој факт не нѐ прави да бидеме апсолутно сигурни и целосно заштитени од овој опасен вирус. Соочени со овој животозагрозувачки проблем, дури помислуваме и да ја напуштиме компанијата, бидејќи животот е поскап од секакви пари, а имаме и семејства за кои треба да водиме грижа – велат повеќемина овдешни работници во оваа компанија.

Тие посочуваат дека во оваа фаза од изградбата на автопатот не се неопходни работниците од Кина, бидејќи нивната главна работа се однесуваше на тунелите, кои се речиси целосно завршени.
Од Центарот за јавно здравје – Битола добивме информација дека се прават сите подготовки за да нема опасност од пренос на вирусот од страна на кинеските работници.

– Од првите луѓе на Министерството за здравство имаме информација дека кинеските работници што треба да се вратат во земјава ќе бидат во двонеделен карантин и дека со самото влегување во Македонија најпрво ќе бидат проверени на термалната камера на скопскиот аеродром, а потоа ќе биде следен нивниот натамошен пат. При средбата со нашите вработени во „Синохидро“ им беше посочено, ако во кој било случај имаат сомнеж дека некој од Кинезите е заболен, итно да информираат за болниот веднаш да биде пренесен на инфективното одделение во Скопје.
Исто така, на нашите вработени им укажавме при внес на храна задолжително да ги мијат рацете и да одржуваат редовна хигиена, а при физички контакт со кинеските работници задолжително да носат маски – вели д-р Тони Коњаноски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Битола.

Инаку, од новиот тип коронавирус, кој научниците пред некој ден го нарекоа ковид-19, досега починаа над 1.700, а заразени се повеќе од 70.000 луѓе во Кина, а заразата во изминативе неколку недели се прошири речиси низ целиот свет. Особено е драматична ситуација на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близината на јапонскиот град Јокохама, каде што според јапонското министерство за здравство, на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, до вчера беа заразени 454 лица, меѓу кои и еден од тројцата присутни Македонци.

Текст: Зоран Антоски

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Гејминг1 минута

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура3 минути

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle14 минути

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин22 минути

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин24 минути

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево19 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт20 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево21 час

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника23 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

НАЈЧИТАНИ