Временска прогноза Македонија

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, утре ќе биде потопло

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд, ќе дува и умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а максималната од 16 до 22 степени.

 

Во Скопје и Кичево променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне 22 степени.

 

Од утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Close