Временска прогноза Случувања

Временска прогноза: Силен ветер, слаб снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб снег во северозападните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80 км/час.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 3 Целзиусови степени, Маврово -4, Охрид 1, Битола 2, Крива Паланка -1, Берово 1, Кавадарци 5, Дојран 7 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од -4 степениво Маврово, 6 во Скопе до 9 степени во Дојран.