Временска прогноза Македонија

Викендов студено време, од понеделник дожд, од среда снег

Минималните температури денес ќе бидат од -7 до 2 степени, а максималните од 6 до 13 степени.

Во недела максималните температури ќе се движат во распонот од 8 до 16 степени.

Сепак високите температури нема да се задржат и во текот на следната недела.

Според прогнозата, од понеделник ќе има дожд иако времето ќе биде топло, односно до дури 17 степени максимални.

Од вторник претстои заладување, а од среда се прогнозира дури и снег и максимални температури до само три степени.