Следете не

Временска прогноза

Временската прогноза за утре: Врнежи од дожд и продор на поларна воздушна маса проследена со засилен ветер

Објавено пред

на

За утре, врнежите ќе се прошират речиси насекаде, додека на планините и тоа особено на запад ќе има врнежи од снег. Поради продор на поларна воздушна маса од Арктикот утре кон крајот на денот и навечер ќе настапи нагло и големо заладување на времето проследено со засилен ветер од северен правец и локално провејување на снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од снег, и тоа поинтензивни во западните и во јужните предели.

Температурите на воздухот ќе бидат многу ниски и за време на викендот, како и во текот на следната недела на многу места ќе бидат постојано под нулата, додека наутро понекаде ќе се спуштат и под -15 степени.

Извор: Славчо Попоски
Фото: GinkandGasoline

Временска прогноза

Од денес топлиот бран од северните предели на Африка ќе продира кон нашите простори

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засиленветер и услови за локална појава на град. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од југ времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите ќе се искачуваат во интервалот дури од 34 до 43 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 10 и 11.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа топлотен бран со висок УВ, но и проследен со локална нестабилност

Објавено пред

на

До крајот на денов, особено во источните и во североисточните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре пак попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Токму поради ова, односно во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Потоа во текот на следните денови под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) ќе имаме ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени, особено од средината на новата недела која што ни започнува од утре. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

УВ ИНДЕКОСТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11, затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ доколку излегувате, односно со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесете заштитна опрема (капа и наочари за сонце).

НАПОМЕНА: Според сегашните анализи со кој располагаме топлотниот бран кој полека ќе ја зафаќа нашата држава уште од утре ќе биде ДОЛГОТРАЕН, односно ќе трае во текот на целата недела.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓаат пеколни температури и висок УВ индекс

Објавено пред

на

Како што и претходно беше најавено, нашата територија е пред ударот на најтоплиот бран досега оваа година. Истиот ќе пристигне уште од понеделник и најинтензивен ќе биде на средината од наредната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот дури од 35 до 43 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па затоа дококолку излегувате со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се понесете заштитна опрема (капа  инаочари за сонце).

Времето во текот наследната недела ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.

Само локално и тоа особено во понеделник попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Ваквата појава особено се очекува во северните и во источните предели од државава, како и локално на југ и југоисток.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СкопјеПред 58 минути

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 2 часа

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 7 часа

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

АвтомобилиПред 7 часа

Пристигнува електричната Mazda MX-5

Mazda потврди дека има намера да понуди електрифицирана верзија на MX-5 до крајот на деценијата. Според Carscoops, извештајот доаѓа од...

МагазинПред 8 часа

Тежината на сите ковид честички кај пациенти е од 100g до 10kg

Доколку сите честички на ковид се пронајдени на едно место, нивната тежина би се движела помеѓу тежината на јаболкото и...

СпортПред 8 часа

Кичевчанката Минговска непобедлива во својата класа, освои златен медал на државното првенство во Карате каде се натпреваруваа 260 спортисти

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје изминатиот викенд на 19 и 20 јуни 2021 година, се...

АвтомобилиПред 8 часа

Toyota Supra од филмот Fast & Furious е продадена за 550.000 долари

Toyota Supra во 1994 година, управувана од Paul Walker во филмот Fast & Furious, беше продадена на аукција во Барет-onексон...

СветПред 8 часа

За прв пат во историјата на Шведска: Изгласано недоверба на премиерот

Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен беше соборен денеска откако парламентот изгласа недоверба на неговата влада. Ова е првпат да се...

LifestyleПред 8 часа

Денес се одбележува Светскиот ден на јогата

Љубителите на јога ширум светот денес го слават Меѓународниот ден на јогата, меѓутоа, поради се уште актуелната пандемија на Ковид-19,...

Временска прогнозаПред 11 часа

Од денес топлиот бран од северните предели на Африка ќе продира кон нашите простори

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава...

НАЈЧИТАНИ