Случувања
Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд до недела каде врнежите ќе бидат со поголем интензитет

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови, ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.
/денешен
Временска прогноза
Од вечерва доаѓаат нови дождови, како и снег на пониските места

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, особено на планинските места со надморска височина од над 1300, 1400 метри и тоа претежно во западните предели.
Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.
Утре во текот на денот ќе има краткотраен престанок на врнежите, меѓутоа доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежи од снег ќе има и на пониски места. Детална анализа околу ова следува понатаму.
Автор: Славчо Попоски
Македонија
Утре делови од Скопје и Охрид со времен прекин на електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 25.01.2021 година – понеделник, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните планирани места:
КЕЦ Скопје Аеродром
АЕРОДРОМ: бул. Јане сандански згради бр. 86, 88 и 90 (Од 09:00 до 12:00 часот)
КЕЦ Скопје Васил Главинов
БУТЕЛ: ул. Гоце Стојчевски зграда бр.5 влез 1-3, Ул. Лазо Москов зграда бр.2 влез 1-4 (Од 08:00 до 09:00 часот)
КЕЦ Охрид
Дел од ул. Беќир Али Риза (према училиштето Братство Единство) (Од 09:00 до 10:00 часот)
Дел од село Долно Коњско, горниот дел на селото, горна мала. (Од 11:00 до 15:30 часот)
Извор: Струја.мк
Македонија
Нови 347 случаи на Ковид-19 денес, починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 179
-Куманово 24
-Тетово 14
-Прилеп 5
-Гостивар 8
-Штип 13
-Битола 1
-Велес 11
-Охрид 18
-Струмица 7
-Кавадарци 13
-Струга 4
-Кочани 8
-Кичево 4
-Свети Николе 2
-Гевгелија 1
-Дебар 4
-Ресен 1
-Крива Паланка 3
-Берово 4
-Делчево 10
-Пробиштип 5
-Виница 1
-Богданци 3
-Крушево 1
-Демир Капија 2
-Пехчево 1
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од:
-Скопје 270
-Куманово 13
-Тетово 11
-Прилеп 15
-Гостивар 4
-Штип 5
-Битола 3
-Велес 6
-Струмица 9
-Кавадарци 8
-Струга 1
-Кочани 4
-Кичево 5
-Свети Николе 2
-Гевгелија 2
-Неготино 4
-Ресен 3
-Крива Паланка 4
-Радовиш 3
-Берово 2
-Богданци 1
-Кратово 1
-Крушево 1
-Пехчево 1
Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.
-
Кичево2 дена
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Кичево23 часа
За Кичево: Млекара „Маврово“ вработува дистрибутер и работници за производство
-
Временска прогноза3 дена
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (22.01) петок
-
Македонија2 дена
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена
-
Видео3 дена
(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..
-
Балкан2 дена
(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ваљево, поставените столбови спасија жена и дете на пешачки
-
Македонија19 часа
Нови 347 случаи на Ковид-19 денес, починати 11 лица