Кичево
Во Кичево се возеа трки од Шампионатот на кружни патеки

Денес на патеката во Кичево се одржа вториот натпревар од шампионатот во автомобилизам на кружни патеки Кичево 2-2018. На патеката се појавија 20 возачи поделени во пет класи. Во класа еден до 1150 кубни сантиметри, на стартот се појавија шест возила а првите три места ги освоија Ѓорѓи Наков од АКК Никола Карев, второто место му припадна на Филип Василевски од истиот клуб, а како трет низ целта мина Сашко Георгиевски од АКК Кастом Кар Реисинг Тим.
Во класа два имавме двајца возачи од кои едниот поради дефект не ја заврши трката, а единствениот пласман го бележиме на Мартин Делев од АКК Кастом Кар.
Во класа три за возачи до 1600 кубни сантиметри, на стартот се појавија шест возаила а првите три места ги освоија Орхан Ахмед од АКК Авто Клиника, кој се искачи највисоко на пиедесталот,второто место му припадна на Филип Џуклески од АКК Никола Карев, а како трет низ целта мина членот на АКК Авто Клиника, Благоја Димитроски.
Во класа 4 до 2000 сантиметри кубни, стартуваа шест возила, а првите три места ги освоија Давид Малинковски од АКК Кастом Кар Реисинг Тим, Марко Мишевски од АКК Никола Карев и Југослав Милошевски од истиот клуб.
Во најсилната класа над 2000 сантиметри кубни учествуваше само еден возач а, тоа беше Ненислав Петковиќ од АКК Никола Карев.
Возачите во сите трки финишираа по извозени 20 кругови. Како што не информираа од АФМ, дел од клубовите не биле присутни на вториот кружен натпревар од причина што се фокусирале кон третиот брзински натпревар што на 7 и 8 октомври ќе се вози во Скопје а пласманите од овој натпревар ќе се бодуваат и во рамките на ЦЕЗ. Технички организатор на вториот кружен натпревар беше АКК Кастом Кар Реисинг Тим од Скопје.
До крајот на годинешниот Шампионат преостануваат уште два натпревари и двата ќе се возат на скопските булевари во текот на октомври.
Зоран Антоски
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
Кичево
Кичево: Ноќеска избувнал пожар во с.Другово, нема повредени

На 08.08.2022 околу 20 часот, во полициска станица Кичево, пријавено е дека во кичевското село Другово, настанал пожар кој целосно опожарил плевна и куќа, сопственост на В.М.(62) од истото село. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кичево. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица Кичево. За Порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 август)
-
Хороскоп19 часа
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија21 час
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Lifestyle18 часа
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Временска прогноза5 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија4 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“