Хороскоп

Дневен хороскоп [16.05.2017 Вторник]

Овен (21.03 – 20.04)

Овој ден делува на вашата амбиција, но и на семејните односи. Се трудите да му се допаднете на еден Лав со кој можете лесно да се договорите за многу работи, но тој веројатно не посветува многу внимание на вас. Би било подобро вечерта да ја поминете мирно, отколку да се оптеретувате со непотребни размислувања за минатото.

Бик (21.04 – 21.05)

Некои нови можности на бизнис план се реални, но ако денеска не работите, одморајте се и дружете се со блиските. Денов совршено им одговара на оние кои сакаат да се договорат околу некои нови работи кои ќе бидат реализирани за околу месец-два и веројатно имаат врска со странци. Добро се согласувате со Бик, Рак и Јарец.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Преморени сте и потребен ви е мир, но Вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате. Добро се чувствувате во друштво на Лав.

Рак (22.06 – 22.07)

Овој ден Ви носи можност за контакт со оние кои долго време не сте ги виделе или некои нови познанства кои ќе прераснат во нешто повеќе. Требате да се договорите со Лав околу нешто ново, можен е проект кој ќе Ви се исплати.

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствително реагирате на секој вид на критика и се трудите на најдобар начин да ги решите проблемите кои се однесуваат само на вас и на вашите колеги. Ако планирате самостален проект веројатно во текот на денот ќе размислувате како да го започнете што е можно поскоро. Повремено можете да бидете нерасположени, особено ако не ви се јави пријател од знакот на Рак.

Девица (23.08 – 22.09)

Се чувстувате добро во друштво на еден Стрелец со кој можете лесно да воспоставите добра комуникација. Верувате во можноста за добар исход од работата со еден Рак, Јарец или Бик со кои секогаш сте биле во добри односи. Можно е продолжување на соработката со Лав кој често ве критикува.

Вага (23.09 – 22.10)

Се трудите да се одморите, иако атмосферата во домот е прилично напната. Некој сака да се сретне со вас и да ви даде до знаење дека можете да сметате на него. Ако се работи за потенцијален соработник, ќе бидете успешени, но ако станува збор за една Водолија или еден Овен. Можни се пријатни вести од странство.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чувствувате одлично во друштво со оние кои се подготвени да ви сторат услуга, особено ако сте на пат и ако се работи за некој со кој после долго време сте се сретнале, сосема непланирано некаде на пат. Можете да се надевате на повик од личност кон која никогаш не сте биле рамнодушни, особено ако се работи за Рак или Риби.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Верувате дека можете лесно да го решите проблемот и ако бидете во прилика да се договорите со еден Бик за многу важни прашања, ќе ви биде многу пријатно за тоа.Врската со некој кој живее во странство може да биде одлична, особено ако станува збор за средба со лице кое доаѓа од прекуокеанските земји. Можни се вонредни добивки.

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој ден Ви донесува многу непредвидени проблеми, особено ако се работи за соработници во рамките на поголем тим. Пречувствуително реагирате на секој вид на критика, вклучувајќи тука и еден Рак или Лав со кои никогаш не сте биле во состојба лесно да ги решите проблемите во врска со финансиите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Утрото може да биде бурно, особено ако сте родени кон крајот на знакот, а не сте се прилагодиле затоа што сакате на секого да му кажете во лице се што мислите. Една Вага или некој Овен поради вас нема да се налутат, но Јарец, Шкорпија или Бик можат да бидат пречувствителни и погрешно да го разберат вашиот коментар. Вечерта ќе донесе напнати односи во соработката со Јарец и Рак.

Риби (20.02 – 20.03)

Не влегувајте во никакви разговори за нешто што би можело да ве извади од такт, особено не ги разгледувајте принципиелните прашања затоа што немате никаква корист. Родените на крајот на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Јарец или Девица. На некој му е многу важно да се види со вас и да разговара за можното продолжување на соработката. Ќе добиете поволни вести од Јарец или некој друг Бик. Потребни ви се соработници кои се на ваше ниво кога станува збор за искуството.

Reporter.mk

Leave a Comment