Следете не

Македонија

За 21% зголемен бројот на патници во авиосообраќајот

Објавено пред

на


ТАВ Македонија објави зголемување на бројот на патници во авиосообраќајот. Од месец јануари заклучно со месец јули 2018 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид,  превезени се вкупно 1 315 206 патници што претставува зголемување од  21 % споредено со истиот период во 2017 година. Само во јули низ двата аеродроми поминале 273 623 патници што во споредба со месец јули 2017 година кога имало 230 288 патници е зголемување од 19%.

Македонија

Предмалку регистриран земјотрес во околината на Кичево од 2 степени

Објавено пред

на

Слаб земјотрес со интензитет од 2 степени денеска е регистриран во близина на Кичево, известува 4News.mk

Епицентарот бил на 17 километри од градот.

Потресот според светските сеизмолошки станици истиот бил на длабочина од 10 километри.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг.

Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)

Прочитај повеќе...

Македонија

Опасноста демне, вчера 953 санкционирани возачи кои возеле побрзо, дури 500 возила пречекориле брзина во населено место

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Според извештајот за нашиот портал од портпаролот на СВР Охрид, Стефам Димоски, епилогот на наша територија е следен:

Полициските службеници затекнале 176 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-31, Струга-98, Кичево-31, Дебар-16.). Против нив, поднесени се соодветни платни налози.

Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, зголемена сообраќајна безбедност во патниот сообраќај.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Предмалку регистриран земјотрес во околината на Кичево од 2 степени

Слаб земјотрес со интензитет од 2 степени денеска е регистриран во близина на Кичево, известува 4News.mk Епицентарот бил на 17...

Македонија9 часа

Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија10 часа

Опасноста демне, вчера 953 санкционирани возачи кои возеле побрзо, дури 500 возила пречекориле брзина во населено место

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија...

Гејминг10 часа

Microsoft открива кога GTA VI може да биде објавена

Се појави документ со поим за можниот временски период на издавање на играта GTA 6. GTA (Grand Theft Auto) е...

Магазин10 часа

Збогум на авионски режим: 5G поврзување со мобилен телефон наскоро во текот на летот

Европската унија ја отвора вратата за инсталирање антени 5G во авионите за да им овозможи на патниците да остваруваат повици,...

Свет11 часа

Кина утре ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 кон својата вселенска станица

КИНА ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 до својата вселенска станица на 29 ноември во 23 часот (1508 часот по...

Автомобили11 часа

Светот се менува: Секој втор возач ќе се откаже од возилото до 2030 година?

Возачите ќе претпочитаат да користат услуги наместо да поседуваат автомобил. Водечката консултантска компанија за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека...

Магазин11 часа

Маск потврди дека Twitter ги шифрира директните пораки (DM)

Новиот сопственик на Twitter , Илон Маск, потврди дека компанијата планира да воведе end-to-end енкрипција (E2EE) за директни пораки на...

Магазин11 часа

Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter

Илон Маск, кој е сопственик на Twitter, изјави дека ќе создаде алтернативен телефон доколку неговата социјална мрежа биде забранета во...

Магазин11 часа

Како да ги скриете Memories во Google Photos

Google Photos им овозможува на своите корисници да сокријат одредени слики доколку сакаат. Од криење слики на конкретни луѓе и...

НАЈЧИТАНИ