Lifestyle
„За музиката, длабоко од душа, од срце“ со нашиот кичевчанец маестро Златко Миладиноски, писмо кое ќе допре до секој музичар
Факт е дека музичката дејност е една од најпогодените индустрии, не само кај нас, туку и во целиот свет. Токму музичарите се тие кои мораа први да стиснат „стоп“ кога започна пандемијата и по се изгледа ќе бидат последни кои ќе стиснат „плеј“, откако ќе заврши кризата со Ковид – 19. Деновиве бевме сведоци дека поголемиот дел од музичарите во нашата земја се обединија и преку протест пред Владата на Република Македонија извршија притисок да бидат примени и да се слушне нивниот глас. По овој протест на социјалните мрежи бевме сведоци дека јавноста е поделена во врска со нивните барања. Има такви кои ги поддржа, но и многумина кои ги искритикуваа музичарите во нашата земја. Испровоциран од целокупната ситуација со писмо се огласи еден од нашите најдобри хармоникаши од Кичево – Златко Миладиноски, брат на нашата мега популарна ѕвезда Влатко Миладиноски.
Неговото писмо ви го пренесуваме во целост:
„Музиката е моја мајка“
„Здраво живо на сите. Јас сум Златко Миладиноски музичар за некого знаен за некого незнаен, но сега тое не е ни важно .
Сакам од срце и од душа да ја поздравам огромната публика на македоската музика. Или како што најчесто ја именувам мајчина музика.
Со ова мој став ги подржувам сите колеги музичари сакајќи да им укажам на тоа дека нашата публика не е само виртуелна, напротив можеме да ја видиме секаде каде што настапуваме, но и кога не настапуваме, значи евидентно е дека постои, нели?
Лично за мене би кажал дека музиката ја чуствувам како мајка и дека не би постоеле никакви препреки кои би ме натерале да се откажам од неа. Дури да е и со закон забранета јас нелегално би се занимавал со музика.
Другата причина поради која не би сменил професија е мојата огромна почит кон сите останати професии
Не постои професија за која не треба да се вложат години во образование, обука, едукација, искуство…
Ништо поразлично не е ниту со музиката.
Како уметник овие рестрикции ги толкувам како своевиден подарок што значи време и мир, кои во нашата професија се постојано дефицитарни, за кои сметам дека се неопходни кога треба да се креира и создава уметност . Овој период на музички мораториум можеби е најплодниот период во мојата досегашна музичка дејност.
Мотивација секогаш е публиката, една и единствена. Нашите песни, композиции ги создаваме за неа, оти како што музиката знае да допре до човекот, не може ниту една друга уметност. Таа го изразува сето она што не може да се каже ниту може да се премолчи.
Поздрав со почит Златко Миладиноски!“
/весник
Lifestyle
Едноставна промена во вашата дневна рутина може значително да влијае на вашиот крвен притисок
Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете малку помалку и ќе видите резултати, велат експертите.
Новото истражување сугерира дека седењето помалку може да направи голема разлика кога станува збор за нашето здравје.
Минатиот месец во JAMA Open Network беше објавена студија која опфати 283 постари лица на возраст меѓу 60 и 89 години, кои беа поделени во две групи. Една од нив беше контролата.
Членовите на контролната група беа вклучени во десет состаноци со тренер кој им помогна да си постават цели за поздрав живот. Членовите на втората, таканаречена група за интервенција, добија стоечко биро и монитор што ги потсетуваше да прават паузи за време на продолженото седење.
Се покажа дека интервентната група го намали дневното време поминато во седечка положба за околу 32 минути, додека контролната група немаше промени во количината на седење. Исто така, крвниот притисок на испитаниците од интервентната група беше намален, што покажува дека само 30 минути помалку седење дневно може да го подобри кардиоваскуларното здравје.
Научниците заклучија дека кај популациите со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и поврзани здравствени исходи, мали промени во шемите на седење се доволни за да се подобри нивниот крвен притисок.
/Index
Lifestyle
Дали е подобро да се пие топло или ладно кафе?
Сигурно секогаш сте се прашувале дали е поздраво да пиете ладно или топло кафе.
Резултатите од истражувањето покажале кога кафето е поефикасно, а кога посилно делува на организмот.
Постојат неколку начини за подготовка на ладно кафе.
Ладно кафе се прави со ладна вода за да се намали киселоста и има тенденција да биде помалку кисело и понежно за вашиот дигестивен систем.
Според една студија во „Scientific Reports“, топлото кафе има повеќе антиоксиданси од ладното кафе.
PH вредноста на топлото и ладното кафе е речиси иста и се движи од 4,85 до 5,13, поради што се препорачува постудено кафе за оние кои имаат стомачни проблеми, додека во други случаи подобро е да пијат топло кафе.
/B92
Lifestyle
Трик од 20 секунди кој открива дали чоколадото е вистинско
Кога станува збор за уживање во слатките, чоколадото е прво на листата на омилени јадења. Но, дали се уживаат во сите чоколади подеднакво, како да знаете дали консумирате вистинско или лажно чоколадо?
Постојат различни трикови со кои можете да откриете дали чоколадото што сте го купиле е квалитетно или не.
Ова зависи од начинот на кој се крши, како и од звукот што го прави.
При кршење на висококвалитетно чоколадо ќе се слушне силен звук, додека неквалитетното чоколадо ќе се рони. Внимавајте и на брзината со која се топи чоколадото. Чоколадите со поголем процент на какао путер се топат меѓу прстите, бидејќи путерот од какао има ниска температура на топење (се топи на температура од околу 35 Целзиусови степени).
„Доброто чоколадо не се топи веднаш, треба да биде стабилно и цврсто, да биде светло и сјајно, кога ќе го скршите до увото треба да слушнете појак звук на кршење. Друг трик за да проверите дали чоколадото е вистинско е тоа што додека го држите меѓу прстите и јадете, не треба да се стопи во вашите раце дваесетина секунди. Има уште една интересна работа, обидете се да го затнете носот и да јадете чоколадо, кога ќе почне да се топи во устата тргнете ја раката од носот и ќе почувствувате поинтензивен вкус на чоколадо“, изјави Александар Симиќ од компанијата Barry Callebaut.
Видови чоколади
Чоколадото е финален производ кој произлегува од преработката на семките од какао, од кои се добиваат основните суровини: какао маса, односно чоколаден ликер, какао во прав и какао путер. Покрај овие состојки, во одреден процент се соединуваат и млекото и шеќерот.
Присуството или отсуството на некои состојки, нивната различна количина и комбинација прават различни видови чоколади.
Ова се основните типови: црна, бела, млечна.
/Danas
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 април)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (17 април)
-
Магазин12 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт23 часа
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин11 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин11 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија1 ден
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција