Следете не

Здравје и убавина

За убав почеток на денот пробајте ја мешавината од семиња со мед

Објавено пред

на

Оваа здрава комбинација од семиња содржи се што ви е потребно за убав почеток на денот. Придобивките од конзумирањето на сите овие семиња секојдневно се многубројни. Ќе си обезбедите внес на многу витамини, микроелементи, антиоксиданти и ќе придонесете за зајакнувње на имунитетот. Комбинацијата од овие состојки овозможува на телото да му обезбедите енергија и правилно да го нахраните.

Потребни сосотојки: 

  • 100 g ленено семе
  • 100 g интегрален сусам
  • 100 g семки од сончоглед
  • 100 g семки од тиква
  • 100 g чија семе
  • 100 g гоџи бобинки
  • 50 g семе од коприва
  • 1 тегла мед
  • сок од 2 лимони

Начин на подготовка: 

Сите семиња се мешаат дури смесата не стане хомогена, потребно е лененото семе, сусамот, сончогледот и семките од тивка да бидат мелени. Кога убаво ќе се соединат се додава медот и се продолжува со мешање, па на крај се додава  сокот од лимон кој убаво ја врзува смесата. Од овие состојки се добиваат 2 тегли од мешавината со семиња.

Најдобро е да се конзумира една супена лажица наутро на гладно. Исто така доколку во денот почувствувате желба за благо слободно посегнете по мешавината, на тој начин ќе избегнете непотребно внесување на рафинирани шеќери.

Здравје и убавина

Ако имате вишок холестерол, ова би бил вашиот појадок

Објавено пред

на

Ако имате висок холестерол, тогаш некој, барем еднаш во животот ќе ви каже – не јадете јајца. Како резултат на тоа, можеби сте биле повеќе склони кон лош избор на појадок без да го сфатите тоа, вели нутриционистот Џен Волпол. Тој додава дека многу луѓе се прилично збунети кога е во прашање контролата на високиот холестерол, особено кога станува збор за појадокот.

Опциите како гранола, различни видови каша со мед или енергетски шипки добро функционираат, но не и ако имате висок холестерол. Според нутриционистот, сите три оброци се полни со јаглехидрати кои брзо се разградуваат на гликоза и предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта. На тој начин се ослободува инсулин кој го поттикнува создавањето на густи честички на лошиот ЛДЛ холестерол.

– „Наместо тоа, изберете опции богати со омега-3 масни киселини, за кои е познато дека го зголемуваат ХДЛ, добриот холестерол и потенцијално го намалуваат ЛДЛ холестеролот. Лососот, авокадото, оревите и чиа семето се одличен избор. Спротивно на популарното верување, јајцата се исто така добра опција „Тие содржат добри масти, протеини и холин, хранлива материја која поддржува здрав трансфер на холестерол“, заклучува нутриционистот.

Постојат бројни намирници кои помагаат во намалувањето на мастите, а научниците издвоиле три кои имаат најсилно дејство. Тоа се грав, модар патлиџан и артишок.

Влакна, протеини, хлорогена и фолна киселина, огромна количина на корисни минерали во составот на оваа храна помагаат да се намали нивото на вкупниот холестерол во плазмата и да се намали количината на липопротеини со мала густина.

/b92.net

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Научници откриле дека компирот содржи молекули кои го лекуваат чирот на желудник

Објавено пред

на

Научниците откриле дека компирот содржи единствени антибактериски молекули кои го лекуваат чирот на желудникот. Чир на желудникот може да се третира само со компири, тврдат истражувачите од Универзитетот во Манчестер. Со оглед на необичното откритие,  членовите на микробиолошкиот тим очекуваат супстанцијата која ја нарекоа “компиров сок” во догледно време да се најде во производство како диететски суплемент.

Неколку видови на компири се истражени и патентиран е процесот на цедење на гореспоменатите антибактериски молекули.

При испитувањето се откри дека бактериите во стомакот не можат да развијат отпорност на „компировиот сок“, за разлика од антибиотиците кои создаваат одреден отпор. Покрај тоа, препорачаниот додаток не предизвикува никакви несакани ефекти.

Извор: zdravjeizivot.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро

Објавено пред

на

Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој наа срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто.

За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.

Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.

„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.

„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.

Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.

Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.

Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.

Во тој период речиси 3.000 од нив развиле артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.

„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, истакна Албалак. „Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.

Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили48 минути

„McLaren“ има нов сопственик

Мумталакет, суверен богат фонд на Бахреин, ја купи групата Мекларен претходно оваа година. Ова ѝ даде на блискоисточната компанија целосна...

Социјални мрежи50 минути

Популарната апликација „Инстаграм“ има нова функција најави шефот Мосери

Адам Мосери, шеф на Инстаграм, најави ново ажурирање за филтрирање на Инстаграм за сандачињата на креаторите. Креаторите на Инстаграм сега...

Кичево3 часа

(ФОТО) На влез во Кичево предмалку се случила тешка сообраќајка, има повредени

Пред неколку минути тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Кичево-Охрид, во непосредна близина на нас. Горица. Несреќата се...

Хроника4 часа

Вчера на превој „Барбарос“ према Прилеп, се случила трагична сообраќајка со смртни последици

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на превојот „Барбарос“...

Кичево5 часа

Од денес официјално во Кичево за прв пат стартува со работа „Хотел за пневматици“, место каде уредно ќе се чуваат вашите летни или зимски гуми до сезонска промена!

Дали сте спремни да дознаете за нешто ново и корисно во нашиот град? Да! Од неодамна во Кичево во склоп...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за сабота (2 ноември)

ОВЕН Се ослободивте од притисокот кој го имавте над глава во претходниот период и сега доаѓа фаза кога ќе чувствувате...

Кичево24 часа

Од денес нова неделна акција во „АТВА Маркети“ и попуст на сите најбарани производи!

Почитувани клиенти, најдоброто од Кичево – АТВА Маркети има нова неделна акција од денес, која ќе биде активна до 07.11.2024...

Lifestyle24 часа

Наплатната влезница за престој во Венеција влегува во друга фаза

Следната година ќе започне втората експериментална фаза на наплата на билет за посета на Венеција. Годинава бројот на денови во...

Технологија1 ден

Дали Sony го најави лансирањето на новиот „А1 II“ серија?

Оваа година беше невообичаено тивко кога станува збор за новите фотоапарати на Sony, но новиот тизер и гласините сугерираат дека...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево, МВР реализира сообраќајно едукативна кампања „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“

Вчера (31.10.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и од Полициската станица Кичево, на подрачјето на кичевските...

НАЈЧИТАНИ