Скопје
Момчиња загинаа во сообраќајка предмалку на Првомајска во Скопје

На скопската улица „Првомајска“ вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.
Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои се уништени.
Според очевидци двете момчиња починале уште пред да дојде Брзата помош.
Подетални информации очекуваме во текот на ноќта или утрешниот ден.
Колегите од iNFOMAX беа на терен:
Скопје
Денес најавени прекини на електрична енергија во делови од град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 03.03.2021 година – среда, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните планирани места:
КЕЦ Скопје Аеродром
Дел од с.Сопиште, „дел ул.16 – м.в.Ограда“ (од 11:00 до 15:00 часот)
КИСЕЛА ВОДА: патен правец Кисела Вода – Сопиште после ресторан Теферич прва улица лево (од 09:00 до 15:00 часот)
КЕЦ Скопје Ѓорче Петров
ЧУЧЕР – САНДЕВО: Дел од с.Чучер (од 09:00 до 14:00 часот)
КАРПОШ: Дел од ул.Козле (од 10:00 до 12:00 часот)
Извор: Струја
Скопје
Утрово времен прекин на електрична енергија во скопски Чаир и дел од с.Бардовци

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 19.02.2021 година – петок, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните планирани места на град Скопје:
КЕЦ Скопје Васил Главинов
ЧАИР: дел од Бул. Македонско-косовска бригада(објектите околу Арена Петрол), Дел од Ул. Стојко Јовановски, дел од Лазар Личеноски,дел од ул.Пере Тошев (објектите околу Арена Петрол), Дел од Ул. Славеј Планина,дел од Ул. 380 (објектите околу Арена Петрол), Ул. Максут Садик, Ул. Прохор Пчински (Од 10:00 до 15:00 часот)
КЕЦ Скопје Ѓорче Петров
Дел од с.Бардовци (Од 07:40 до 15:30 часот)
Извор: Струја.мк
Скопје
Следните три дена во Скопје ќе има изменет времен режим на сообраќај поради протест планиран од претставници на „Фото студија и Музички бендови“

На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14:00 до 17:00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови. Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.
Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Извор: МВР
-
Македонија2 дена
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Македонија1 ден
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Случувања11 часа
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза1 ден
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Македонија2 дена
РКЕ одлучи од вечерва горивата да поскапат, ова е новата цена
-
Временска прогноза3 дена
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината