Следете не

Скопје

Замина и маестро Џорлев, почивај во мир, царство небесно!

Објавено пред

на

Зоран Џорлев (10 јануари 1967, Струмица) македонски виолинист и професор.
Зоран е син на Наско и Грозда Џорлеви. Tатко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар, а дедо му Христо, комита, родум од Кукуш, другар на Гоце Делчев.

Кога бил првооделенец Зоран со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Како што пренесуваат медиумите, причините за смртта се компликации предизвикани од кopoна виpycoт, односно откачување на тромб.

Почивај во мир ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Скопје

Информација за извршена времена измена на режим на сообраќај од автопат после „Маџари“ до клучка „Белви / Скопје-Куманово

Објавено пред

на

ФОТО: Илустрација

Од денес 26.03.2024 година од 14:15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Извор: АМСМ

Прочитај повеќе...

Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради верскиот празник „Задушница“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 09.03.2024 (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прочитај повеќе...

Скопје

СВР Скопје изрече 154 санкции, 25 за брзо возење

Објавено пред

на

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин7 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин7 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево22 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ