Кичево
Кичевската река „Сушица“ замрзната како резултат на ниските температури (ФОТО)

Екстремно ниските температури кои деновиве владеат во земјава, придонесоа по неколку потопли зими да смрзне и градската река во Кичево. Таа деновиве целосно е окована во дебел мраз и така ќе остане се додека температурите бидат под нулата.
Постарите кичевчани велат дека порано градската река редовно смрзнувала, но последните десетина години скоро и да не паметат такво нешто.
– Последните десетина години кога имавме кратки периоди на екстремно ниски температури, градската река ретко кога замрзна, но затоа пак годинава кога температурите повеќе од десет дена се дебело под нулата, придонесоа Сушица целосно да смрзне и после подолг период да биде целосно окована во дебел мраз повеќе од една седмица. Ова е потврда дека годинешната зима е меѓу најстудените во овој век, а најдобар доказ е токму градската река-вели Стојан, старограѓанец кој памети и постудени зими, но годинешните температури, според него, наликуваат на времето од седумдесетите и осумдесетите години.
Фото и текст: Зоран Антоски
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје17 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза16 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина21 час
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот