Случувања
Започна 61-часовниот „викенд-карантин“ на територија на целата држава.

Во 16 часот денес почна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот.
Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.
Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.
Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите и рестораните ќе примаат нарачки и ќе вршат достава на своите производи.
Маркетите кои немаат соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.
Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, Државниот пазарен инспекторат за време на полицискиот час ќе врши проверка на дежурните маркети дали ги имаат овие дозволи.
„Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани. За сите угостителски објекти на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд“, нагласи Пауновски.
Доставата на неопходните продукти на граѓаните ќе ја вршат лицата волонтери до самите домови на граѓаните.
Кичево
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење. Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без собири, но со видеомонографија подготвена со учениците од I до IX одделение под менторство на сите наставници во училиштето. Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот во 10 часот утрово, истата беше дело на Фото Зоран, а се прикажуваше и во 19 часот попладнево.
Концептот на програмата беше фокус врз целокупниот воспитно – образовен процес: рецитали, музички точки, мали драмулетки на англиски јазик, особен акцент врз теми од природната група на предмети. Фокус врз едно модерно, иновативно училиште, кое поседува голем број на талентирани ученици и посветени наставници.
– „Нашето училиште во текот на своето постоење, подготвило многу кадри што оставиле белег во општествениот и научниот живот во нашиот град, како и во нашата држава. Затоа, сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи особен развој“ – за нашиот медиум изјави директорот, Драган Андрески.
Македонија
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица

Во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 274
-Прилеп 55
-Кавадарци 40
-Куманово 24
-Гевгелија 23
-Неготино 20
-Тетово и Велес по 18
-Охрид 13
-Струмица 12
-Битола и Кочани по 10
-Гостивар 9
-Штип и Струга по 8
-Крушево 7
-Крива Паланка и Богданци по 5
-Валандово 4
-Дебар и Виница по 3
-Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово по 1
Починати се 13 лица, 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:
-Скопје 160
-Охрид 59
-Струга 24
-Кавадарци 20
-Прилеп 14
-Тетово 12
-Гевгелија и Велес по 9
-Куманово 8
-Ресен 7
-Дебар 6
-Битола, Штип и Радовиш по 5
-Делчево 4
-Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово по 3
-Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево по 2
– Кочани, Виница и Македонска Каменица по 1
Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.
Кичево
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја информира јавноста дека вчера на ден 24.02.2021 година, А.М.(42) од Кичево, во полициската станица пријавил дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, од кучиња скитници биле каснати неговата мајка А.М. и неговите два малолетни сина.
Извор: СВР Охрид / Дневен билтен
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево1 ден
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево6 часа
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Македонија2 дена
Скок на заболени од Ковид-19, денес 509, починале 9 лица
-
Македонија4 часа
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица