Македонија
Утре на 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово

Утре на 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Светата Православна Црква постојано се грижела за душите на своите верни чеда, па изнаоѓала начини за тоа според зборовите и делата на Спасителот Господ Исус Христос. Така таа се потсетува на зборовите од Господа кој вели: „Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“ (Матеј 17,21; спореди: Марко 9,29), мислејќи на демонскиот род, па токму пред Божик, како и за поголемите празници, востановила пост кој е познат како Божикен пост кој трае 40 дена и има за цел да го подготви верниот човек за дочек на Христовото раѓање со чиста совест и мисла, исто онака како што се подготвуваме ние за дочек на дете во овој свет (чистиме, купуваме добри предмети и среќни сме).
Најпрво имаме еден претходен ден за простување со ближните (Божикни поклади) и со мир во душата и мир со сите луѓе на светот да отпочнеме подвиг за пост, бидејќи навистина е голема работа да се пости и да се моли, а за тоа имаме сведоштва од светите отци на Црквата.
Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови“, односно ги потврдува Христовите зборови и тежината за секого, оти не е секој моќен за тоа, ама е потребна победа врз демоните, а тоа го правиме и телесно и духовно (психофизички).
Овој пост се пости на следниот начин:
понеделник, вторник и четврток – масло и вино; среда и петок – строг пост на вода; сабота и недела – масло, вино и риба. За празници се дозволува и риба. Затоа овој пост е полесен за разлика од Великиот Пост кој, пак, е построг и повеличествен, затоа што има и подготвителни седмици.
Историјата за овој пост се следи некаде околу V и VI век, но тоа не значи дека порано го немало, туку има историска основа за сето тоа, бидејќи Богојавление и Божик се славеле во ист ден и претходел некој помалкудневен пост. Секогаш започнува на 28/15 ноември, а завршува на 6 јануари, односно 24 декември според Јулијанскиот календар, на Бадник.
Имајте лесен, благословен и богоугоден пост во овие предрождествени денови, па во овој предбожикен период посоветувајте се со свештените лица и вашите духовни Отци за напредокот во личниот живот…
Македонија
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН и ГП Деве Баир и Крива Паланка одржаа работна средба со членови на ловното друштво „Осогово“, која што беше фокусирана на соработката и заедничките превентивни мерки и активности меѓу полицијата и ловното друштво „Осогово“ во насока на почитување на законите од оваа област и безбедно одвивање на сезоната.
Притоа полициските службеници нотираа повеќе важни укажувања, како што се задолжително носење на дозволи за поседување и носење оружје, задолжително пријавување на евентуалните движење долж граничната линија, неносење на лов на малолетни или други лица, и секако внимателност за безбедно одвивање на сезоната.
Напоредно со ова, вчера и полициски службеници од Полициската станица за ГН Попова Шапка имаа средби и разговори со месното население од селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце со цел превенирање и заштита на шумите од пожари и почитување на забраната за движење низ шумите.
Покрај ова, вчера и на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип беа реализирани превентивни активности и тоа од областа на безбедноста на сообраќајот во Крушево и во Делчево и од областа на превенција од имотни деликти во Штип и, исто така, во Крушево, известуваат од МВР
Македонија
Намалување на цената на бензинот, дизелот останува не променет

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Македонија
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, денес одлучи РКЕ.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза19 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје12 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“