Временска прогноза
Засилен ветер од Јужен правец, детали за времето денеска
Особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд а на планините ќе провејува снег.
Повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во текот на ноќта среда кон четврток како и во четврток претпладне.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На некои места повремено ветерот ќе биде и СИЛЕН со брзина од над 80 км/час.
Температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во текот на ноќта среда кон четврток како и во четврток, особено претпладне ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура како денес, така и во следните неколку денови ќе се искачи до околу 11 степени.
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со умерена локална облачност, особено во западните предели. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -3 до 4 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Кичево1 час
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Магазин1 ден
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин1 ден
Meta се затвора во Турција
-
Спорт20 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт5 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 часа
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“