Кичево
Евроамбасадорот Жбогар во посета на Кичево и колекторскиот систем (ГАЛЕРИЈА)

Во Кичево денес престојуваа евроамбасадорот Самуел Жбогар и група европратеници кои во друштво на градоначалникот Фатмир Дехари го посетија колекторскиот систем, кој беше пуштен во работа во месец јуни 2018 година, а истиот беше изграден со европски пари. Европратениците го разгледаа овој систем, како истиот функционира и најавија дека истиот наскоро целосно ќе му го препуштат во мониторирање на ЈКП„ Комуналец“ Кичево.
Од еврпратениците се обрати естонскиот пратеник Туне Келам, кој истакна дека во овие неколку денови ја посетиле Република Албанија и Македонија. Поточно во изминатите три дена престојувале и во Охрид.
– Убаво е да се види придонесот на ЕУ и европската делегација овде, ќе има уште неколку пречистителни станици, една е веќе тука, а ќе има уште две големи. Впечатокот ми е дека треба да се стори уште повеќе, особено за подобрувањето на менталитетот на луѓето, не да се фрла отпадот, туку да се има култура за собирање на отпадот и мислам дека работите ќе се подобрат- истакна европратеникот Келам.
Градоначалникот на Општина Кичево беше презадоволен што вака висока делегација од ЕУ го посети Кичево и колекторскиот систем и на самото место се увери во оправданоста од изградбата на овој систем.
– Мене ми претставува огромна чест што во Кичево е евроамбасадорот Самуел Жбогар и пратеници на ЕУ, се чувствувам горд со капиталната инвестиција што веќе дава резултати, во делот каде што мислиме дека имаме проблеми, а тоа е во делот на животната средина. Продолжуваме со втората фаза со средства од ИПА фондовите и сме прва општина што успеа да ги искористи овие фондови. Секундарната мрежа треба да се санира целосно, и сите други села што се околу градот, со изградба на нови фекални канализации и колектори, директно ќе се насочуваат во пречистителната станица. Овој проект не зависи од нас, ние сме крајниот корисник, во моментов се распишани јавните набавки за надзорен орган и за изградба на објектите. Крајниот рок за завршувањето на проект е 2020 година, а ќе бидат потрошени, 14 милиони евра,11 милиони од ЕУ, а 3 милиони средства од Владата на Република Македонија. Целосното управување на колекторскиот систем од 1 април ќе го има ЈПК„ Комуналец“ од Кичево -истакна градоначалникот Фатмир Дехари.
Текст: Зоран Антоски
Фото: Порта
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија15 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза20 часа
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ