Живот Здравје

Едноставен пијалок, кој прави чуда во вашиот организам!

Медот е еден од најздравите производи, така што секојдневното конзумирање е благодет за вашето тело. Доколку го пиете секое утро на празен стомак, изматен во чаша млака вода, ќе го разбудите вашиот метаболизам. Изматете една лажица мед во 2 дл млака вода и почекајте целосно да се растопи. Обрнете внимание водата да не биде жешка, бидејќи ќе ги уништи сите хранливи состојки на медот.

Ваквото конзумирање на медот има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот, смирувањето на стомакот, детоксикација на телото и делува против бактерии. Ако додадете малку лимон во овој пијалок, станува сојузник во зајакнувањето на имунитетот и губењето на килограмите.