Забава Занимливости Здравје

Здравствени придобивки од пивото

Би ве израдувало кога ќе прочитате колку пивото може да биде добро за вашето здравје. Затоа, уживајте во него затоа што може да има огромни придобивки за вас.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Било кој алкохол, без разлика на тоа дали е пиво, вино или друг алкохол помага во намалувањето на срцевите заболувања. Според статија од 2008 објавена во „Journal of the American Dietetic Association“ умереното консумирање на алкохолот ја прави крвта помалку леплива, со што има помали шанси да се јави тромб. Истражување од Харвард кое било направено над 70.000 жени открило дека оние кои консумирале пиво имале понизок крвен притисок од оние кои консумирале вино или посилен алкохол.

Пивото е добро за бубрезите

Алкхолот има лоша репутација кога станува збор за бубрезите, меѓутоа пивото помага во тој дел. Според едно истражување пивото може да го намали ризикот од камења во бубрегот, а содржи и вода која помага во чистењето на бубрезите.

Има хранливи материи

Пивото е изненадувачки извор за голем број хранливи материи, меѓу кои и влакната. Исто така во него има Б витамин како ниацин, пантотенска киселина, фолна киселина, рибофлавин, витамини и Б6 и Б12. Тоа е исто така богато со силициум, хранлива материја која ги зајакнува коските.

Го намалува ризикот од дијабетес

Во 2011 година, Харвард направи истражување врз 38.000 жени на средна возраст, кое покажа дека кога го зголемиле внесеното количество на пиво, тие го намалиле ризикот од развивање на дијабетес тип 2 за скоро 25%.

Го намалува ризикот од рак

Со ставање на пиво во месото се елиминираат 70% од канцерогените од месото, вели едно Португалско истражување.

Го зголемува здравјето на мозокот

Истражувачите сметаат дека неколку пива дневно може да го намалат ризикот за Алцхајмер и може да го намалат ризикот од мозочен удар. Во 2005 година, било направено истражување над 11.000 постари жени. Оние кои испиле едно пиво во текот на денот имале подобра ментална функција од оние кои не испиле. Всушност, кај нив бил намален ризикот од ментално опаѓање за околу 20%.

Close