Култура
Зеки „Boom“ растура на својата клавијатура

Да токму така, нашиот портал има доста пријатели, секогаш тука за промовирање на нашиот мелост во музиката.
Денес ви го претставуваме Зеки кој потекнува од Дебреште Прилепско и за себе вели дека со музиката е буквално 24 часа.
Свое времено свири како соло клавијатурист, голем познавач на хармонија и комплетен музичар.
Може често пати да го видите во друштво на неговиот близок пријател Ален Хасановиќ.
AH продукција неодамна изработи спот за неговото прекрасно авторско дело насловено како „Boom“, кој за кратко време достигнува доста прегледи.
Во знак на благодарност за големата поддршка која е имаме од негова страна, промоција вршиме во вистинско светло на ова младо момче кое плени со својот шарм и талент.
Уживајте во неговото авторско дело и мајсторија:
Култура
Lupin 2 – Продолжението на серијата пристигнува на Netflix побрзо отколку што очекувавте

Lupin 2 пристигнува. Netflix веќе најави продолжување на серијата, така што втората сезона ќе биде претставена ова лето на сервисот за стриминг.
Серијата дебитираше во јануари и се базира на романот за Арсен Лупен. Главната улога ја игра Omar Sy, кој го игра Assane Diopa, господин и крадец.
Првата сезона имаше пет епизоди и ја направија George Kay и François Uzan. Наскоро ги престигна Queen’s Gambit и Bridgerton и стана најпопуларна на платформата Netflix.
Музика
(ВИДЕО) Влатко Миладиноски посвети песна за својата ќерка во негова изведба, станува збор за безвременската „Те кажувает, бре Илиној моме“

Ова неделно попладне нашиот кичевчанец Влатко Миладиноски на својот ЈутТјуб канал објави нов видео запис од безвременската стара македонска песна „Те кажувает, бре Илиној моме“.
Како што пишува Влатко на својата фејсбук страница песната е посветена на својата ќеркичка Илина која во еден миг се појавува во видеото и пријатно ги изненади музичарите
Маестралната изведба и обработка е дело на оркестарот на братот маестро Златко Миладиноски во емисијата „7/8“
Слушнете за што станува збор и уживајте:
Култура
Св.Атанасиј – Танасовден зимен, од овој празник сѐ е полесно, нека е за многу години!

Денес на 31 јануари е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики.
На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
-
Кичево21 час
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Случувања2 дена
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Македонија3 дена
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (4 март) четврток
-
Хороскоп3 дена
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза3 дена
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Кичево2 дена
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево
-
Случувања1 ден
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште