Свет Случувања

Силен земјотрес го подигна копното на овој остров (ВИДЕО)

Земјотресот кој го погоди островот Ломбок, во Индонезија придонесе копното на островот да се подигне за 25 сантиметри, соопштуваат научниците.

Научниците на НАСА и Институтот за технологија на Калифорнија на основа на сателитските снимки од Ломбок, направени после земјотресот на 5 август воочиле промени на површината на островот.

Во северозападниот дел на островот, во близина на епицентарот, површината на копното е подигната за 25 сантиметри, додека на другите места паднала за 5 до 15 сантиметри.

Во земјотресот загинаа 387 луѓе.  Спасувачките екипи сепак и понатаму продолжуваат со потрагата за да се осигураат дали има уште луѓе затрупани под урнатините. 

339.000 луѓе или  10 % од популацијата на Ломбок, останале без домови, додека уништени се околу 68.000 домови. Индонезија се наоѓа во зоната на Пацифичкиот огнен прстен, која се карактеризира со засилена вулканска и сеизмичка активност.